Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На кои животни се базираат некои од најпознатите митски суштества?

Сите знаеме дека чудовишта не постојат нели? Но, некои од страшните чудовишта и митолошките суштества ги имаат своите корени во човечките средби со вистински животни.

na-koi-zivotni-se-baziraat-nekoi-od-najpoznatite-mitski-sushtestva-01.jpg

Ова се некои од нив:

Кракен

Под темното море демне во длабочините гигантското чудовиште наречено Кракен. Митови од целиот свет од кои некои датираат од пред 2000 години, зборуваат за ова застрашувачко морско чудовиште кое со своите пипала можело да ги преполови бродовите.

Многумина веруваат дека оваа легенда е поврзана со средбите на морнарите со џиновската сипа - животно толку таинствено, што ретко е фотографирано и истражувано од страна на научниците. Со должина од повеќе од 12 до 15 метри и со тежина од повеќе од 400-тини кила. Сепак, фактот дека тие ретко можат да се видат укажува на тоа дека тие се срамежливи животни.

na-koi-zivotni-se-baziraat-nekoi-od-najpoznatite-mitski-sushtestva-1.jpg


Грифон

Половина орел половина лав. Митовите за грифоните датираат од Антички Египет, каде што се претставувале како страшни чувари на скапоценото богатство и кралски симбол на мудроста и моќта.

Според теорија на историчарот Адриен Мејор, идејата за грифонот е родена со откривање на фосили од диносаурус наречен Protoceratops, кој имал четири нозе и силен клун.

na-koi-zivotni-se-baziraat-nekoi-od-najpoznatite-mitski-sushtestva-2.jpg


Киклоп

Џинови од античкиот свет, киклопите биле опишани како чудовишта со едно големо око во средината на големото лице. Овој гигант всушност можел да биде роднина на слонот. На грчкиот остров Крит, археолозите неодамна откриле остатоци од „deinotherium giganteum“, изумрен предок на современиот слон.

na-koi-zivotni-se-baziraat-nekoi-od-najpoznatite-mitski-sushtestva-3.jpg


Чупакабра

Застрашувачко суштество со силно тело кое личи на куче. Голем број на граѓани на Порторико тврдат дека го забележале Чупакабра во 1990-тите. Научниците тврдат дека ова суштество е некаков којот со кожна болест.

na-koi-zivotni-se-baziraat-nekoi-od-najpoznatite-mitski-sushtestva-4.jpg


Змеј

Змејови - убави гуштери со џиновски вилици, остри канџи и силна магиска моќ, познати низ митовите на десетици култури низ светот.

Историчарите и антрополозите долго време дебатирале за потеклото на митовите за змејот. Се шпекулира дека тие би можеле да бидат базирани на некој вид изумрени гигантски крокодили или на комодо змејовите - големите отровни гуштери.

na-koi-zivotni-se-baziraat-nekoi-od-najpoznatite-mitski-sushtestva-5.jpg


Сирени

Во митологијата овие опасни суштества ги привлекувале морнарите со своите песни. Понекогаш се опишувани како убави жени со опашка на риба и човечко тело.

Во реалноста, некои антрополози веруваат дека сирените биле инспирирани од морските крави, бидејќи истите живеат блиску до бреговите, па ако бродовите ги забележат, постои  опасност од бродолом.

na-koi-zivotni-se-baziraat-nekoi-od-najpoznatite-mitski-sushtestva-6.jpg

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред и потоа фото споредби: Луѓе гордо ја покажуваат новата насмевка, откако ги извадиле протезите Секој кој носел протези многу добро знае дека целото искуство е мошне тешко. Дод...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
Фотки за утеха: Луѓе кои имаат полоши колеги од вашите Колеги кои со автомобилот зафаќаат две паркинг места и колеги кои чекаат некој д...
Селото со повеќе страшила отколку жители - секој кукла е направена по некој починат жител Во селото повеќе нема деца и има само 27 жители, но секоја година го посетуваат ...
Што предвидела баба Ванѓа за 2025-та (и дали се исполнија пророштвата за годинава)? Некои пророштва за годинава, како природните катастрофи, можеби се исполнија, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg