5 знаци дека сте во лошо друштво

Тешко е да се прекине пријателство. Но, понекогаш тоа е неминовно заради негативното влијание кое одредени пријателства го имаат врз вас.

5-znaci-deka-ste-vo-losho-drushtvo-01.jpg

Ова се предупредувачки знаци кои ви велат дека треба да излезете од лошото друштво. Тие се показатели дека не сте во добро друштво.

Одвојуваат време за вас само кога нив им одговара

Сакате да се дружите со нив, но тие никогаш не наоѓаат време освен ако нив тоа не им одговара или ако сте со некого за кого сметаат дека е доволно интересен да бидат во негово друштво.


Го користат минатото против вас

Грешките или проблемите од минатото постојано ви ги „плеснуваат“ во лице. За вашето лично подобрување не добивате честитки туку постојано ве потсетуваат каква личност сте биле и какви грешки сте правеле. Време е да се тргнете од нив!


Со нив се чувствувате како во стапица

Кога размислувате за кругот на своите пријатели се чувствувате како во стапица. Сакате да се откачите од нив, но нешто ве кочи. Ако се чувствувате вака, тоа е сигурен знак дека друштвото во кое сте сега не е добро за вас.


Тие мислат дека не сте добри во ништо

Тие секогаш ги негираат вашите соништа и мислат дека не сте способни за ништо. Вашите цели им изгледаат дека се глупави и воопшто не се срамат да ви го кажат тоа.


Понегативни сте отколку вообичаено

Нивната негативност ќе почне да влијае врз вас. И за кратко време ќе се најдете во ситуација кога ќе имате негативен став, без разлика дали сте во нивно друштво или не.

Би можело да ве интересира:

Драстична промена по естетска операција - Турчин се трансформираше во Џорџ Клуни Фотографиите од Турчинот Насер пред и по пластичната операција делуваат нереално...
12 луѓе со уникатни генетски карактеристики - џиновско влакно од трепки, двобојна брада „Мојата ќерка има прамени на косата во две различни бои“ и уште 11 фотографии со...
Детали од секојдневието на Бразилците што ќе ве зачудат Доцнењето им е најнормално нешто, а трагите од сончање се знак за убавина – како...
5 работи што не треба да ѝ ги кажете на личноста што има анксиозност (и како да ја утешите) „Ајде собери се“, „Ќе се снајдеш“... Ова се некои од фразите што треба да ги исф...
Лоши навики со кои ги оттргнувате луѓето од вас (и ќе останете без пријатели) Откажувате планови во последен момент, ги бомбардирате со пораки, ги прекинувате...
Родители споделуваат морничави работи што ги кажале и направиле нивните деца „Син ми месечареше на возраст од шест до осум години. Една вечер дојде во дневна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg