Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 утрински навики кои имаат моќ позитивно да ви го променат денот

Првите неколку минути од утрото се можеби најважните кои одредуваат како ќе ви тргне денот. Но, ако судиме по борбата со алармот, ниту еден ден не ветува многу.

6-utrinski-naviki-koi-imaat-mok-pozitivno-da-vi-go-promenat-denot-01.jpg

За барем малку да си го подобрите денот, потребно е да примените 6 едноставни навики.

Преку нив за неколку дена ќе станете утринска личност, иако мислите дека претеруваме.

1. Издржете 15 минути без да погледнете во телефонот

Покрај исклучувањето на алармот, проверувањето на мејлот и Фејсбук одложете го за малку подоцна. Утринската рутина треба да ве вклучува само вас, без екрани кои може да ви создадат нервоза уште пред да ги отворите очите.


2. Кафето заменете го со вода и лимон

Исцедениот лимон во чаша вода има многубројни предности, но само ако го пиете штом се разбудите. Овој пијалак го забрзува метаболизмот, согорува маснотии, ги чисти устата и грлото и ви дава голема доза на енергија. Откако ќе го испиете, почекајте 30тина минути, па потоа мијте ги забите и појадувајте.


3. Станете од креветот правилно

Иако мислевте дека нема погрешно станување од креветот, веројатно го правите секојдневно. Она што најмногу му одговара на телото е следното: стркалајте се на десната страна, а потоа седнете неколку секунди. Дури тогаш може да станете, наместо да рипате директно во стоечка положба.


4. Поставете ги целите за денот

Додека се растегнувате или ја пиете водата со лимон, поставете си цели за дента, но лимитирајте ги на 3 основни. Ова може да вклучува подготовка на појадок од дома наместо да трошите пари или закажување на прегледот кој со денови го откажувате.


5. Истегнете се

Иако изгледа како навика која сите ја имаат, сепак често пати ја игнорираме. Можете да се истегнете во кревет или кога ќе станете. На тој начин може да очекувате соодветна топлина и енергија во телото.

6-utrinski-naviki-koi-imaat-mok-pozitivno-da-vi-go-promenat-denot-02.jpg

6. Медитирајте

Не го прескокнувајте овој чекор само затоа што ви звучи досадно. Медитацијата, односно затворањето на очите и смиреното дишење може да ви го изострат умот за само неколку секунди. Сместете се удобно и започнете да ја практикувате оваа рутина секое утро.

Би можело да ве интересира:

Како да познаете личности кои глумат дека се работливи, а всушност се многу мрзеливи? Луѓето кои се преправаат дека се вредни, често го користат перфекциони...
Како културно да се справите со некултурните луѓе, низ илустрации Како да одговорите на забелешките од типот: „Леле си се здебелила“, „Знаеш дека ...
6 (изненадувачки) причини заради кои може да ви побараат да го напуштите авионот пред летање Ако се расправате со стјуардесите или носите премногу провокативна облека, сосем...
5 скриени причини зошто се чувствувате несреќно и под стрес Дали си задавате премногу обврски во текот на денот, па немате време да ги заврш...
„Една работа што ја слушнав од мојот психолог што ми го промени животот“ „Психологот еднаш ми рече ’Не мора да ги решиш сите проблеми одеднаш. Само почни...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg