Дали погрешно го перете градникот?

Многу дами често се соочуваат со дилемата колку често треба да го перат својот градник, а стручњаците имаат неколку кратки препораки околу тоа.

dali-pogreshno-go-perete-gradnikot-01.jpg

Секоја жена има свој ритам на перење на долната облека. Некои сметаат дека треба да ги мијат градниците што е можно поретко, а други пак, ги ставаат во машината за перење облека исто како и гаќичките – после секое облекување.

Но, што е правилно?

Вистина е дека градникот ни е поблизу до телото одошто маиците и дека полесно се впива потта, но тоа не значи дека треба да се пере пречесто.

Како што тврдат стручњаците, честото перење на градникот доведува до губење на еластичноста, материјалот побргу се кине, а постои и поголема шанса дека жицата ќе излезе од корпата.

Ако градникот ги изгуби еластичноста и обликот, повеќе не овозможува доволна поддршка на градите.

Идеално е да имате неколку квалитетни градници кои можете да ги менувате, а потоа да ги перете на рака еднаш на 10 дена.

Посебно важно е да го прочитате упатството за перење и по секоја цена да избегнувате да го ставате во машина за сушење облека.

Ако морате да ги перете во машина за перење на облека, тогаш набавете мрежа за перење на долната облека.

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg