10 работи кои треба да ги направите пред 10 часот наутро
Не мора да сте утринска личност за да имате продуктивно утро. Само наместо да притискате snooze и да се вртите низ кревет до последен момент, воведете ги овие 10 навики.
Ако ја исполните оваа листа пред 10 часот наутро, тогаш денот загарантирано ќе ви тргне:
1. Медитирајте - Наместо да посегнете по мобилниот и да проверите Фејсбук, прво дајте си неколку минути да ја истражите тишината. Ќе имате доволно бука во текот на денот, па затоа почитувајте ги тие 5 минути мир наутро.
2. Заблагодарете се - На почетокот од денот насочете ги мислите кон работите за кои сте благодарни. Така ќе го подобрите расположението и полесно ќе се извлечете од топлиот кревет.
3. Поставете си дневни цели - Ако направите план на работите на кои треба да се фокусирате, многу полесно ќе ги постигнете истите. Се е полесно кога е испланирано.
4. Ослободете го распоредот - Можеби ви делува контрадикторно, но ако имате набиен распоред може да се чувствувате напнато. Воведете време за пауза, за појадок, кафе и прошетка. Кога ќе си оставите повеќе слободно време, може само да добиете желба да направите нешто продуктивно кое не ви било во распоредот.
5. Пијте течности - Вашето тело се буди дехидрирано, па затоа важно е рано наутро да ги надокнадите течностите.
6. Истегнете се - Ако веќе не планирате да вежбате, барем истегнете се неколку пати за да ги освежите мускулите.
7. Слушајте музика - Музиката не само што има моќ да ве разбуди, туку и за многу кратко време да ве наполни со енергија. Најдете ги песните кои ви ставаат насмевка на лицето и пуштете плеј.
8. Насмевнете се - Уште додека сте во тоалетот и си ги миете забите. Насмевнете се затоа што дури и исфорсираните насмевки носат задоволство.
9. Зачистете зад себе - Никако не излегувајте од дома во хаос. Ви требаат само 5 минути за да го наместите креветот и да ја средите облеката која ја пробувавте, а се поштедувате од „кој ќе чисти кога ќе се врати...“
10. Завршете ги најтешките задачи први - Колку и да мислите дека мозокот ви е поспан, засукајте ги ракавите и почнете од најтешката задача. Бонусот е тоа што остатокот од денот нема да мислите што ве чека, туку ќе работите мирно и спокојно.