Дали името може да ви ја одреди судбината?

Голема е веројатноста дека ако некој ви се претстави, односно ви го каже неговото име, веднаш ќе добиете некаква претстава за тоа какви карактеристики има таа личност. Тоа е така затоа што на имињата често им се припишуваат одредени особини.

dali-imeto-moze-da-vi-ja-odredi-sudbinata-01.jpg

Така, за оние кои се викаат Сања често се вели дека се таинствени, Ана дека се доминантни, Александар дека се личности со голем авторитет... Марко духовити...

Верувале или не, секое име има свое значење, но и стереотипи кои го пратат, па на основа на тоа често формираме одредена слика за луѓето со кои се запознаваме.

Откако ќе слушнеме некој како се вика, несвесно во глава ги замислуваме и неговите карактеристики и навики, создаваме симпатии или помалку и веруваме или повеќе ја цениме личноста.

Ова го потврдуваат и истражувањата.

Едно истражување кое е спроведено на Универзитетот во Сан Диего од страна на професорот Твенџ, открива дека името и самодовербата се меѓусебно поврзани.

„Луѓето кои не си го сакаат името имаат пониска самодоверба, обично се повлечени и помалку флексибилни. Врската помеѓу тоа како се викаме и какво значење му препишуваме на нашето име е доста голема и значајна“ – вели Твенџ.

Така изборот на име е од големо значење и за родителите и роднините. Некогаш името на новороденчето го давале бабата и дедото, некогаш ги добивале токму нивните имиња, а денес изборот е значајно поголем.

Во секој случај, најголемиот дел од родителите се одлучуваат за имиња кои не ги издвојуваат децата од средината.

Родителите го одбираат името уште во првите 5 месеци додека го чекаат детето. Истражувањата покажуваат дека 24% од паровите уште пред да зачнат го одбираат името за својот нов член во семејството, а 71% тоа го прават за време на бременоста.

„Името влијае на мислењето кое детето ќе го има за себе, но и на начинот на кој другите ќе го доживуваат“ – тврди професорот Дејвид Филио од Универзитетот Нортвестерн. Тој објаснува дека младите момчиња со „женствени“ имиња може да бидат проблематични во пубертетот.

Од друга страна пак, девојките кои имаат „помажествени“ имиња се повеќе заинтересирани за математика и природни науки.

Што мислите вие? Дали вашето име е ваша судбина?

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...
Стари македонски имиња за девојчиња со убаво значење Трендовите се менуваат од година во година, но многумина се прашуваат - каде исч...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Женско име за кое нема прекар, а девојчињата кои го добиваат ги следи среќа цел живот Ако сакате вашето дете да има име за кое нема да може да се смислуваат скратени ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg