Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пронајди среќа!

Среќата е најпосакуваната цел кон која сите се стремиме. Од неа, понатаму произлегуваат другите цели кон кои се стремиме во животот – успех, просперитет, љубов, спокојство, мир...

pronajdi-sreka-01.jpg

Која е вашата дефиниција за среќен живот? Дали живеете среќен живот? Размислете внимателно затоа што вашата дефиниција за среќа ќе влијае на другите одлуки кои ќе ги донесете во животот.

Без себеприфаќање си ги ограничувате и блокирате среќата, успехот и љубовта во кои целосно треба да уживате.

Себеприфаќањето е всушност прифаќање на среќата која постои во вас.

Некои луѓе ја бркаат среќата, а некои ја избираат.

Најдете го местото во вашиот ум во кое веќе сте одлучиле колку убав ќе биде денот, колку успешна ќе биде годината и колку прекрасен ќе биде животот. Тоа е избирање среќа.

Најчесто среќата се запоставува затоа што не вреди ни една паричка. Погрешно.

Таа вреди многу, но не може да се купи со ниедни пари на светот. Ако пак мислите дека може да ја купите среќата со пари, тогаш ќе талкате по „продавниците за среќа“ целиот живот, бесцелно.

Едноставно, уживајте во среќата и во се што таа неосетно ви го носи – насмевки, мир, пријателства, љубезност, па дури и ѕвездите во ноќта се производ на среќата.

Да се биде среќен, значи да се биде човек полн со љубов и таа љубов да се дарува наоколу.

Луѓето кои безрезервно даваат љубов, внимание и енергија на личноста која ја сакаат, се луѓе со најголемите љубовни и животни искуства.

Престанете да мислите постојано за се и сешто и да смислувате со кого и како сакате да го поминете животот.

Живејте сега и веднаш!

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg