5 грозни работи кои во моментов се наоѓаат на вашето тело
Колку и да сте уредни и да си ја одржувате хигиената, одредени делови на телото едноставно се одвратни.
Ова се топ 5-те најгрозни работи кои ќе ги откриете за вашето тело:
1. Фекални бактерии
Без оглед на тоа колку често се туширате, бактериите сепак се задржуваат. Често пати тие остануваат на вашата долна облека, иако не можете да ги видите. Токму затоа треба да ја вриете, наместо да ја перете во ладна вода.
2. Мртви клетки од кожа
Горниот слој на кожата се состои од стотици мртви клетки кои не се гледаат со голо око, но сепак постојат по целото тело.
3. Инсекти кои се хранат со мртва кожа
Дали знаете дека поголемиот дел од прашината во вашиот дом е всушност вашата мртва кожа? А со тие мртви клетки се хранат минијатурните инсекти кои може да живеат и на вашето тело.
4. Габични инфекции на ноктите на нозете
Ретко кој ги нема. Не мора ноктот да ви биде жолт за да ги имате. Овие минијатурни микроорганизми живеат и се пренесуваат низ вашите нокти, чевлите и чорапите.
5. Бактерии во папокот
Според едно истражување, во папокот се наоѓаат околу 2.000 различни видови бактерии. Затоа не е препорачливо да го допирате многу често.