Мајка со болно дете пронашла пријатно изнедување на автомобилот
Една Австралијанка неколку дена ги поминала во болница со нејзиното болно дете. Кога пристигнала до нејзиниот автомобил нашла казна за паркирање, но и прекрасна порака која го разнежни целиот свет.
По престојот во болницата со своето болно дете кога излегла сфатила дека заборавила да го плати паркингот за автомобилот. Кога пристигнала до него забележала казна, но покрај казната и парче розова хартија.
Некоја добродушна личност забележала дека таа е секојдневно во болницата и се грижи за своето дете, па решила да и ја плати казната и за тоа ја информирала токму преку розовото парче хартија.
На него напишани се следниве зборови: „Здраво, видов дека на автомобилот имаш казна за паркирање. Сигурна сум дека она низ кое минуваш во болницата е доволно тешко, а јас ја платив казната наместо тебе. Се надевам дека ќе ви се подобри ситуацијата“.
Мајката која со својот 9-месечен син поминала неколку дена во болница, толку се воодушевила од пораката па решила да ја објави на Фејсбук страната Canberra Mums и да му даде до знаење на целиот свет, дека сè уште постојат несебични и добродушни луѓе.