Одличен изум за плажа со кој пивото никогаш нема да ви биде топло
Конечно ја поминавте границата и се упативте кон некој од плажите каде ве очекува тиркизното море. Во целата слика има само еден проблем, пивото кое штотуку сте го купиле веќе е топло.
Постои уште една слика, седите на плажа со неколку шишиња пиво до вас и додека да стигнете да ги пробате веќе не посакувате ни да ги отворите затоа што знаете дека се топли.
За среќа некои луѓе се потрудиле да креираат одличен изум за да имате можност да уживате во ладно пиво секој пат кога ќе решите да се сончате и да уживате во овој пијалак без да брзате шишето да биде празно за час.
Креирале термос кој е наменет исклучиво за пиво и кој успева да го држи пивото во ладна состојба цели 24 часа.