Зборувате сами со себе? Ако не, заради овие 5 работи ќе почнете
Ако размислувањето на глас често пати ви помага, тогаш нема за што да се грижите, не се по малку луди. Сега докажано е дека зборувањето сами со себе е здраво.
1. Ако зборувате сами со себе мозокот побрзо ќе работи
Психолозите досега имаат направено повеќе истражувања на оваа тема и низ истите докажале дека луѓето кои си зборуваат сами со себе се поефективни и побрзи. Самото повторување на зборовите на глас се врежува двојно повеќе во мозокот, заради што работите можеме да ги извршиме многу побрзо.
2. Размислувањето на глас ви помага ако нешто барате
Мора да знаете што барате, во спротивно само ќе се збуните. Со самото изговарање на зборот автоматски мозокот го визуализира предметот и обликот, па полесно ќе дојдете до него. Со други зборови, ако нешто барате и го изговарате на глас, двојно поголеми ви се шансите да го најдете.
3. Уште како деца сте научиле да зборувате сами со себе
Бебињата учат да зборуваат така што ги слушаат постарите и го имитираат она што тие го кажале, но кога се сами со играчките, тие си зборуваат сами со себе. Веројатно така било и со вас, само не се сеќавате.
4. Гласното размислување ви помага да се организирате
Со самото повторување на зборовите тие неколку пати поминуваат низ мозокот и многу помали се шансите да заборавите некоја ситница која сте ја мислеле, но малку подоцна „ви летнала“.
5. Разговорот сами со себе ве прави посамостојни
Немате потреба од туѓо мислење, туку само од она кое е во вашата глава. И во моментите на недоумица, ова е многу важно за да откриете што навистина мислите.