19 вистини за пријателствата кои треба што побрзо да ги прифатите
Возраста и годините со себе носат и сосема различни типови на пријатели. Како растеме и созреваме луѓето околу нас се менуваат, а и ние самите. Некои луѓе остануваат, некои исчезнуваат и оставаат само сеќавања за времето минато со нив.
Такви се фактите и затоа важно е да ги прифатиме токму овие вистини за пријателствата:
1. Луѓето кои мислевте дека цел живот ќе останат покрај вас и ќе бидат тука за вас кога ви се најмногу потребни, нема да бидат засекогаш тука. Понекогаш затоа што буквално не можат да бидат покрај вас, а понекогаш затоа што повеќе не сакаат.
2. Истото важи и вас – нема секогаш да бидете тука покрај оние на кои сте им потребни.
3. Некои од пријателите ќе бидат поуспешни од вас и вие ќе бидете поуспешни од некои пријатели. Работите се менуваат со текот на времето во зависност од ситуациите, патиштата или едноставно благодарение на среќата.
4. Ќе имате чувство дека луѓето кои сте ги знаеле и познавале целиот свој живот повеќе не ги препознавате, ниту пак тие вас. Исто така, понекогаш ќе чувствувате за луѓето кои ги познавате само 5 минути како да ги знаете целиот свој живот.
5. Нема секогаш да се согласувате со изборот на пријателите околу луѓето со кои се состануваат, се во врска или пак се венчаат. Важи и обратното, не секогаш на вашите пријатели ќе им се допаѓа вашиот партнер. Соочете се со тоа.
6. Некогаш ќе откриете дека луѓето со кои сте се дружеле се всушност еднострани. Откритието е прилично тешко, но пријателската љубов е двострана. Ослободете се од тие луѓе.
7. Ако некои луѓе постојано ви кажуваат дека се зафатени, порано или подоцна ќе сфатите дека тие се презафатени за вас. Луѓето кои вредат ќе најдат време и простор за вас.
8. Нема секогаш да ја чувствувате блискоста која сте ја чувствувале порано за сите пријатели. Може сè уште да ги сакате и да уживате во нивното присуство, но едноставно нема да бидете блиски како порано.
9. Вашите пријатели секогаш ќе ви бидат огледало за тоа колку далеку сте стигнале во животот. Станува збор за оние пријатели кои ги познавате уште од мала возраст, уште од „пелени“. Добро е да го имате тоа огледало во животот за да ја одржувате перспективата на работите.
10. Ќе се оддалечувате од безбројни луѓе и пријатели, не затоа што тие се менувале, туку затоа што заедничките ставови и сфаќања ви се менуваат.
11. Некои пријатели или вие може да стапите во брак и да оформите семејство пред другата страна да открие како е да одржи долга врска. На вас останува да одлучите дали тоа ќе биде бариера за вашето пријателство.
12. Така, ако сте сингл поголема е веројатноста дека своето слободно време ќе го поминувате со своите сингл пријатели, а ако сте во врска со оние кои исто така имаат партнер покрај себе. Не е тоа намерно, но такви се законите на дружењето.
13. Вашите блиски пријатели ќе наоѓаат нови блиски пријатели и можеби ќе се чувствувате како првооделенец кој е љубоморен на другата страна и тоа е сосема во ред. Луѓето често се натпреварувачки настроени кога станува збор за пријателства. Најдоброто што можете да го направите е да се обидете да не се препуштите на емоциите.
14. Некои пријатели едноставно не сакаат да остануваат до 4 часот наутро будни, туку преферираат удобен дом и топли разговори. Научете ја и прифатете ја разликата, а ако најдете личност која е расположена и за двете – чувајте ја близу до вас.
15. Поважно и далеку подобро е да имате двајца или тројца стабилни и прилично блиски пријатели на кои секогаш можете да се потпрете одошто голем број на луѓе кои се само површни.
16. Пријателството не нежен цвет кој треба да се негува. Еднаш штом ќе добиете личност која сака да ви биде близок пријател, потребно е да се трудите околу неа. Луѓето не чекаат. Си заминуваат од вашиот живот ако не се согласуваат со вашето однесување.
17. Ако не можете да ги задржите пријателите, не секогаш вината е во нив. Понекогаш не се сите други, туку вие. Ако сакате да имате добри пријатели, треба и вие да бидете добар пријател.
18. Понекогаш некои пријателства умираат. Таква е вистината. Не се обидувајте да се борите против случувањата и судбината. Немојте да бидете гневни и да се обвинувате себеси. Научете се на ги прифаќате овие несреќни ситуации.
19. Најдобро е да бидете сам свој пријател. Изрекава можеби ви звучи како клише, но таква е вистината затоа што постојат одредени времиња кога ќе ви се чини дека вие сте сè што останало и се што имате. И кога ќе дојдат тие времиња добро е да можете да останете сами со себе.