Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Заради говорните потешкотии нема другарчиња, па родителите му организираат оригинална забава за 10-от роденден

Малиот Кемден Јубенк е 9-годишно момче од Вирџинија чии родители оваа година се одлучиле да ја исполнат неговата желба за 10-иот роденден – голема водена забава со многу деца.

semejstvo-napravilo-fejsbuk-strana-vo-koja-dava-otvorena-pokana-za-10iot-rodenden-na-nivniot-sin-001.jpg

Семејството на Кемден посакува да му ја исполни желбата за забава со водени балони, но ситуацијата е малку проблематична и комплицирана.

semejstvo-napravilo-fejsbuk-strana-vo-koja-dava-otvorena-pokana-za-10iot-rodenden-na-nivniot-sin-11.jpg

Кемден има говорно нарушување наречено Апраксија. Апраксијата подразбира потешкотии во планирањето на извршување на активности или движења по барање на некоја друга личност.

Како резултат на ова нарушување, малиот Кемден има проблеми со формирањето на пријателства.

Малиот Кемден не оди на училиште, туку има приватни часови дома бидејќи има проблеми со изговарање на зборовите и знае да биде понекогаш импулсивен како резултат на хиперактивноста.

„Тој е гениј во математика и сака историја и сака еден ден да биде кантри пејач како Лук Брајан“ – објаснува семејството.

Семејството ја подготвува забавата која треба да се одржи во јули оваа година, но бројот на поканети гости е многу мал: неговата сестра, нејзината најдобра пријателка и неколку нивни братучеди.

semejstvo-napravilo-fejsbuk-strana-vo-koja-dava-otvorena-pokana-za-10iot-rodenden-na-nivniot-sin-2.jpg

До пред некое време Кемден се дружел со некое постаро дете од соседството, но и тоа дете повеќе не сака да си игра со него.

Токму затоа неговото семејство формирало страна на Фејсбук и на GoFundMe преку која оставаат отворена порака за оние кои сакаат да присуствуваат на забавата и да го остварат сонот на малиот Кемден.

Досега добиле голема поддршка преку приказни од луѓе кои наишле на истите потешкотии и очекуваат роденденот на малиот Кемден да биде исполнет со многу нови пријатели.

semejstvo-napravilo-fejsbuk-strana-vo-koja-dava-otvorena-pokana-za-10iot-rodenden-na-nivniot-sin-3.jpg

Во случај да ве интересира што сака Кемден, еве една масивна тепачка со водени балони.

Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg