Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Поминал цел ден во штикли за да докаже дека жените оправдано се жалат (видео)

Многу од мажите сметаат дека девојките се премногу слаби и нежни и затоа се жалат од носењето штикли.

pomina-cel-den-vo-stikli-za-da-dokaze-deka-zenite-premnogu-se-zalat-video-001.jpg

Но, веројатно треба да се обидат барем еден ден да влезат во нивните чевли и веднаш ќе им стане појасно и ќе имаат многу поголемо разбирање и почит.

Брендон Коен од Лос Анџелес бил убеден дека жените премногу се жалат поради штиклите кои ги носат за тоа дека се целосно неудобни, а толку добро изгледаат од страна.

Затоа одлучил да помине еден обичен работен ден носејќи сандали со високи и тенки потпетици, а сето тоа го снимил со камера.

Сакал да докаже дека штиклите воопшто не му пречат, а едвај издржал 12 часа на нозе пред да признае дека не се залудно наречени „ѓаволски чевли“.

„О, Боже. Веќе имам ужасни болки. Ова не е нормално“, искоментирал неколку минути откако удобните патики ги заменил со штикли.

Уште по 10 минути му било јасно дека жените не се „лигават“, туку ова се навистина неудобни чевли.

Посебно е интересен неговиот обид за да го вози автомобилот со штиклите, нешто што жените секојдневно го прават, а тој баш и не се снаоѓа најдобро.

pomina-cel-den-vo-stikli-za-da-dokaze-deka-zenite-premnogu-se-zalat-video-2.jpg

На крајот, покрај тоа што научил дека жените се физички многу поиздржливи отколку што изгледаат, сфатил уште нешто.

„Чувствувам дека колегите на работа не ме почитуваат многу. Мислам дека е ужасно што морам да бирам помеѓу тоа некој да ме почитува и да изгледам добро. Баш е глупаво. Навистина е тешко да си женско“.

По 2 часот околу пладне, шетајќи низ трговскиот центар, сфатил дека не може да издржи.

„Сакам само да умрам, не можам да издржам, нозете ми се тресат“ – едвај зборува.

Иако планирал денот да го заврши во некој клуб, уште во 19 часот ги соблекува штиклите и оди бос до дома.

„Едноставно е невозможно колку боли. Ќе се напијам некое апче и ќе спијам“ – изјавил на крај.

Погледнете ја снимката од неговиот ден на штикли:

Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg