Среќен роденден Фотошоп: Најдобрите трансформации на ѕвездите
Некогаш беше само шминката, но се појави Фотошопот како најпознат софтвер кој им нуди на оние убавите и на оние помалку убавите алатка преку која секогаш ќе изгледаат совршено на фотките.
Софтверот постои веќе четвртина век и стана познат дури и меѓу оние кои никогаш не го употребувале како резултат на контроверзиите кои секогаш го следат.
Многу познати лица во реалноста воопшто не изгледаат онака како што изгледаат на сликите односно, постојано се „фотошопирани“.
Токму така, денес може да се каже дека имаме и глагол кој ја опишува дејноста со оваа софтверска алатка токму поради тоа што е незаменлив дел од модерниот свет.
Првата верзија на софтверот е развиена од страна на браќата Џон и Томас Нол и е издадена на 19 февруари 1990 година во употреба. Тогаш била дизајнирана исклучиво за Епл корисниците.
Првата фотографија која некогаш била преуредена со оваа алатка се вика „Џенифер во рајот“.
Оттогаш па навака, алатката е постојано употребувана и служи за чистење на сите несовршености.
Ова се 25 слики од познатите како изгледаат пред и по употребата на Фотошоп: