Ситуации во кои ќе ве спаси лажичка сол

Солта освен што е незаменлив дел од храната, таа може и да ве спаси во многу ситуации за кои и не би помислиле да ја употребите.

situacii-vo-koi-kje-ve-spasi-lazicka-sol-1--

Со овој зачин можете да го отстраните мирисот на кромид од прстите, да ги избелите забите па дури и да го исчистите шпоретот.

Во овие ситуации секогаш е добро да имате лажичка сол:

Овошје

Кога јаболкaтa ги сечете на парчиња тие брзо потемнуваат, но доколку ги ставите во вода со малку сол тоа нема да се случи.


Апетисани

За полесно да ги излупите оревите, бадемите или другите видови на апетисани, оставете ги извесно време во посолена вода.


Мирис на кромид на прстите

Откако ќе го исечкате кромидот многу е тешко да го отстраните неговиот силен мирис од прстите. Затоа, измешајте малку сол и јаболков оцет и измијте ги прстите со оваа течност.

situacii-vo-koi-kje-ve-spasi-lazicka-sol-2

Чистење на рерната

Ако во текот на печењето се случи дел од јадењето да истече по дното на рерната, само ставете малку сол и подоцна многу полесно ќе ја исчистите.


Избелете ги забите

Ако ви снема паста за заби, тогаш послужете се со малку сол и сода бикарбона. Помешајте ги па ставете на четката за заби и исчеткајте ги забите. Сода бикарбоната помага во избелување на забите, а солта ќе ви помогне убаво да ги исчистите.


Дезинфицирање на грло

Ако почувствувате дека грлото ве пецка, земете малку топла солена вода и исчистете го грлото. Овој начин на дезинфицирање може и да ве спаси во моментите пред грлото да стане црвено, доколку редовно го практикувате или забележите навреме.


Исчистете го фрижидерот

Измешајте малку сол и газирана вода и исчистете ги нечистотиите во фрижидерот. Со помош на оваа мешавина многу полесно ќе ги отстраните мирисите од фрижидерот, а и што е најважно овој начин на чистење е природен и не е опасен за намирниците.


Дамки од вино

Дамките од вино на мебелот, тепихот или некое парче облека можете лесно да ги отстраните ако веднаш ставите малку сол на нив. Оставете ја солта да го впие виното, а потоа пред да преминете на перење, поминете ја дамката или истурете врз неа ладна вода.


Дамки од дезодоранс

Ако на облеката имате дамки од дезодоранс ставете ја во топла вода и додајте околу 4 лажички сол во 1l вода. Убаво истријте го местото на кое има дамки додека тие да исчезнат.

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg