5 совети како да се ослободите од непријатниот мирис на стапалата

Непријатниот мирис од стапалата не може целосно да се отстрани, но затоа пак постојат совети кои ќе ви помогнат да го контролирате.

5-soveti-za-reshavamnje-na-nezgodniot-miris-od-stapalata-1

Чевлите се идеално место за создавање бактерии, особено во текот на летниот период кога тие побрзо се размножуваат и овозможуваат да се шири незгодниот мирис.

Со помош на овие 5 совети мирисот ќе успеете да го контролирате:

1. Стапалата треба да останат суви

Најдобриот начин да го неутрализирате мирисот од стапалата е да ги одржите суви. После туширање, бришете ги нозете особено помеѓу прстите и нанесете бебешка пудра.


2. Носете памучни чорапи

Кога не носите чорапи тогаш не постои ништо што ќе може да ја апсорбира потта која стапалото ја произведува. Ако веќе знаете дека нема да носите чорапи, тогаш нанесете дезодоранс на дното од стапалото и помеѓу прстите пред излегување.


3. Подгответе ги чевлите

Внатре во чевлите нанесете малку бебешка пудра и не ги чувајте на темни места, туку понекогаш ставајте ги на тераса или прозор по неколку часа.


4. Вотка за стапала

Ако стапалата мирисаат, тогаш тука ќе ви помогне вотката. Нанесете малку вотка на памук и поминете низ стапалата, таа брзо се суши и ги уништува бактериите кои го предизвикуваат непријатниот мирис.


5. Посетете лекар

Ако не успеете да ја одржувате потта под контрола, тогаш посетете лекар и распрашајте се за рецепт или средство кое би можело да ви помогне да ја намалите количината на пот која вашето стапало ја создава. 

Би можело да ве интересира:

Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg