10 начини како да ви биде забавно дома

Ако барате некои забавни предизвици кои може да ги правите дома наместо да гледате телевизија, постојат барем неколку инспиративни активности кои ќе ви ја поттикнат креативноста.

10-nacini-za-da-vi-bide-zabavno-i-doma-01

Дури и домот може да биде авантуристичка зона, ако знаете да го искористите на паметен начин. Дневната рутина може да ја збогатите со некои едноставни активности кои ќе ви го исполнат квалитетно времето.

1. Учете нов јазик

Учењето нов јазик ви ги активира мозочните клетки, но може да биде  многу забавно. Ако не сакате да трошите пари и да губите време во патување до некое училиште, тогаш тоа може да го  направите дома преку онлајн часови или ако се потрудите малку повеќе со помош на книги, речници и игри со зборови.


2. Видеа со танцување

Надвор не ви е погодено времето, а дома ви е досадно. Нема нешто што може да ве расположи повеќе од танцување на омилената песна или некои стари видеа со кореографии кои ќе се обидете да ги имитирате. И да не успеете барем супер ќе се забавувате.


3. Инспиративна табла

Секогаш е добро на видик да имате нешто што ќе ве мотивира за да си ги остварите соништата. Позитивни мисли, фотографии, желби...сето тоа може да го закачите на една табла која секојдневно ќе ја погледнувате или ќе додавате по нешто ново.

10-nacini-za-da-vi-bide-zabavno-i-doma-2.jpg

4. Медитација

Ви помага да го редуцирате стресот и да надминете некои емотивни предизвици. Доколку не знаете како да медитирате постојат многу прирачници и водичи кои ќе ве научат на тоа и ќе може и да се забавувате и да се релаксирате.


5. Сликајте и цртајте

Уметноста е еден вид медитација и може многу добро да влијае. Не се обесхрабрувајте затоа што не сте доволно добри во тоа. Сликарството е начин на изразување и може секој да биде добар на свој начин. Ви дозволува да ја разбудите фантазијата, да се ослободите од блокадите и да се релаксирате.


6. Поправете нешто во домот

Денес има доволно моќни и модерни алати кои ќе ви го решат секој проблем дури и без помош на други лица и мајстори. Така, додека седите дома и се досадувате може да си ги зашрафите разлабавените полици, да монтирате нови шајки за слики и слично.

10-nacini-za-da-vi-bide-zabavno-i-doma-6.jpg

7. Пишувајте

Исто како и сликањето и пишувањето е уметност преку која може да ги изразите своите мисли и чувства доколку не можете гласно да ги споделите. Може да пишувате дневник и да прераскажувате или ако имате малку повеќе талент тогаш да напишете и некој стих поезија или проза.


8. Експериментирајте со храната

Зошто да не пробате некој нов рецепт? Искористете ги производите кои ги имате, експериментирајте и можеби ќе подготвите нешто вкусно. Забавувајте се во кујната наместо да ја гледате како обврска.

10-nacini-za-da-vi-bide-zabavno-i-doma-7.jpg

9. Погрижете се за милениците или некое улично животинче

Зошто да не направите некое добро дело, да помогнете на некое беспомошно суштество или да му посветите внимание на вашето ново милениче. Покажете му нов трик, нова игра, научете го на нешто ново.


10. Релаксирајте се

Понекогаш ова може да биде најтежок предизвик иако не ви се чини така. Многу е тешко вистински да си ги смирите мислите, да се опуштите и да не размислувате на ништо. Човечкиот ум постојано премотува мисли и планови. Со добра купка може да се опуштите од пријатните мириси, топлата вода и барем за момент да заборавите на светот надвор. Размислувајте само ан позитивни нешта.

10-nacini-za-da-vi-bide-zabavno-i-doma-8.jpg

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg