Наоружај се со самодоверба, толеранција, игнорантност и излези!

Престани да тагуваш, престани да се повредуваш себеси со предрасуди, грешки, зборови и не толерирај никој друг освен самиот себе си.

naoruzaj-se-so-samodoverba-tolerancija-ignorantnost-i-izlezi-1

Исправи се на нозе и започни да чекориш. Не е важно дали чекориш бавно или брзо, важно е да не застанеш.

Движи се цврсто дури и кога ти се тресе тлото под нозете, дури и кога ти се тресе срцето во градите, бидејќи никој нема да се движи наместо тебе. Сите ќе гледаат да те застанат во место.

Но, не се откажувај, покажи им дека застанувањето во место можеби е нивна одлика, но не и твоја.

Денес нека биде денот кога ќе се наоружаш со самодоверба која сигурно ја имаш, но не ја користиш. Наоружи се со толеранција, игнорантност и излези со насмевка пред светот.

Нека се запрашаат зошто уште се смееш. Смеј се на глас! Смеј им се во лице бидејќи знаеш дека тие никогаш немале, а нема ниту да имаат храброст да се наоружаат со твоите способности.

Никогаш нема да бидат способни да се исправат повторно после секој пад на земја.

Наоружај се со самодоверба и пукај во нивните слабости, убиј ги без да ги убиеш.

Наоружај се со толеранција. Молчи и кога си во право. Вистината секогаш излегува на виделина, а со „изгубени случаи“ не вреди да се расправаш. Без разлика колку добар адвокат и да си, за нив си најлош.

Наоружај се со игнорантност и игнорирај го секој кој се обидува да те падне повторно на земја. Така можеби ќе се обиде да те сопне позади тебе, но верувај сам ќе се заплетка и паѓајќи повторно ќе се фати за ногавицата на твоите панталони.

Ќе се влечка позади тебе, бидејќи не знае за подобро, знае само да ги критикува најдобрите, а ти си најдобар.

Наоружај се со насмевки и со сјај во очите кој ќе ги ослепи осудувачките погледи кои те пратат во секој чекор, остави нека те пратат и не завидуваат на твоето лидерско одење напред, одминувајќи ги нив, тие се назад.

Излези, не затворај се во себе, не излегувај само за да те види светот, излези да ти да го видиш светот.

Излези и вдиши длабоко, ти си слободен, ти си најдобар, ти си уникатен, ти си сè што некои никогаш нема да бидат, тие ќе си останат ништо, плукајќи по твоето сè.

Но, и тоа прифати го со насмевка и само запомни дека секогаш треба да те плукаат, за да не те почудат!

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg