Победникот не освојува со сила, освојува со ум!

Зарем си победник ако удриш шамар, можеби тупаница, пролееш крв или издвоиш победа, освоиш тврдина на нечесен начин?

pobednikot-ne-osvojuva-so-sila-osvojuva-so-um-1

Потсети се во книгата по Историја од која си учел дека таквите победи се краткотрајни, таквите тврдини се урнати бидејќи се градени од нечии рушевини.

Шамарот, тупаницата и крвта која си ја пролеал кога тогаш ќе ти се вратат назад како бумеранг и ќе те удрат силно во чело, ќе те турнат на земја, повторно ќе паднеш на глава.

Ќе го поматиш умот, доколку го имаш, но не грижи се, сигурно го немаш кога освојуваш со сила.

Се имаш ли запрашано што сè човек може да направи со својот ум, колку тој ум е посилен од силата, сечија?

Многу, може да направи се е одговорот, а силата за час, два те изневерува и те остава на пола пат, бидејќи не е реално оружје кое можеш да го користиш.

Мозокот е реално оружје кое го користиш или не го користиш, нели?

Да не би го имал, би бил ист како мравките, ситен, безгласен инсект кој каса доколку го стиснеш во рака.

Не биди инсект, биди човек, не касај со заби, касај со зборови, само така ќе го собориш противникот навистина.

Не заборавај само да си го надградиш вокабуларот за да можеш совршено да склопиш реченица бидејќи никој нема да ја склопи реченицата што лежи во тебе, освен ти самиот.

Ако не знаеш како, тогаш секогаш ќе останеш губитник, бидејќи победникот не освојува со сила и заби, освојува со ум и дипломатски зборови.

Таквите освоени тврдини никогаш не се рушат бидејќи се изградени од камења кои биле фрлани кон победникот.

Бидете победници, кога ќе ве нападнат со камења, наместо да ги враќате во главата на противникот, изградете тврдина околу себе и покажете му дека неговите камења ви помогнале да го победите!

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
12 соседи кои како да се излезени од рајот (ќе посакате и вие такви) „Мојот глувонем сосед неколку дена се врткаше низ дворот, а ние мислевме дека пр...
„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg