"Дигиталното его" е најсилно

Ако се чувствувате повредени или изненадени поради тоа што некој ја одбил вашата покана за пријателство или пак ве избришал од својата...

 

... листа на пријатели, знајте дека не сте единствени.

Некои луѓе навистина се шокираат во ситуација кога некој ќе ги одбие на Фејсбук, Твитер и сл. Други пак ќе речат дека не треба да се претерува со реакциите во такви ситуации, дека тоа воопшто не е важно бидејќи станува збор за интернет. Но, неодамна беше спроведена студија според која се покажа дека нашето "дигитално его" мdigitalnoto-ego-e-najsilno1оже да биде еднакво повредено како и она другото, ако не и повеќе.

"Луѓето сметаат дека ваквите врски се тривијални и површни, но ние некако им обрнуваме многу повеќе внимание и ја пресметуваме нашата вредност според овие статуси во друштвените мрежи.

Тоа е начинот на кој ја интерпретираме сопствената вредност; на луѓето им е важно колку пријатели имаат", вели психологот Кип Вилијамс.

Истото важи и за твитерашите. Интересно е тоа дека оваа година се појави и Qwitter преку кој можете да откриете кој вас повеќе не ве следи на Твитер.

Стручњаците кажуваат дека сепак одбивањето на друштвените мрежи е поболно од она одбивање во лице. Исто така, интернетот вам ви нуди и опција на анонимност поради која луѓето си допуштаат да бидат погруби отколку што би биле кога тоа би се случувало во лице.

Стручњаците додаваат дека онлајн одбивањето е полошо од неколку причини:

1. не ја гледаме личноста физички, па не можеме да го видиме ни говорот на телото
2. не слушаме глас, за да го оцениме варирањето на гласот
3. не гледаме други показатели кои влијаат на нашата прецепција и реакција

Многу луѓе кои имаат многу пријатели на Фејсбук на пример, со повеќето од нив никогаш не контактираат, но не сакаат да ги избришат од својата листа на пријатели како не би ги повредиле. Други пак воопшто немаат такви двоумења. Воопшто не им е важно дали некој ќе ги избрише од својата листа на пријатели или не.

Другата опција, која можеби е и почесто користена е деактивирање на актуелниот профил, и креирање на нов во кој ќе бидат поканети и прифатени само оние пријатели кои што ги имаат и во реалниот живот.

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Совети за безгрижно и безбедно пливање за време на менструалниот циклус Не носете влошки додека пливате. Со пливањето се намалува способната на тампонот...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Стрии, царски рез, белези – Како луѓето ги прекриваат несовршеностите со тетоважи? Како изгледа кога лузните од царскиот рез, стриите на нозете или лузните од изго...
8 глупави светски рекорди (кои никој не сака да ги сруши) Најмногу поднесени тужби против фирми и луѓе и најбрзо пишување на тастатура со ...
Неверојатни реклами кои ќе ве остават без зборови поради нивната генијалност (фото) Погледнете неколку креативни реклами кои навистина се истакнуваат од другите и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg