Вино и музика
Со вистинската музика и виното станува подобро. Верувале или не, една студија тврди дека вкусот на виното се подобрува во комбинација со соодветна...
...музика. Истражувачите освен што го испитувале влијанието на музиката врз вкусот на виното, исто така се позанимавале и со испитување на тоа која музика на кој тип на вино му го подобрува вкусот.
Црвеното вино оди најдобро со музиката на Jimi Hеndrix и The Rolling Stones, додека пак белото вино со Kylie Minogue или Tine Turner.
Истражувачите дури предлагаат и конкретна песна за подобрување на вкусот на конкретно вино.
Така, според нив, cabernet sauvignon треба да се комбинира со "All Along The Watchtower" (Jimi Hendrix), "Honky Tonk Woman" (The Rolling Stones), "Live And Let Die" (Paul McCartney and Wings) и "Won't Get Fooled Again" (The Who).
Вкусот на chardonnay пак се подобрува со "Atomic" (Blondie), "Rock DJ" (Robbie Williams), "What's Love Got To Do With It" (Tina Turner) или "Spinning Around" (Kylie Minogue).
А за виното од сортата merlot, единствена препорака е „Sitting On The Dock Of The Bay“ (Otis Redding).