Како на интервју за работа?

kako-na-intervju-za-rabota-povekjeМногу е важно за време на интевјуата за работа која навистина ја посакувате, да оставите позитивен впечаток на својот работодавач. Експертите ви даваат...

 

...неколку совети со помош на кои ќе успеете да оставите силен и позитивен впечаток.

Внимавајте на гестикулацијатаkako-na-intervju-za-rabota

Додека разговарате, многу е важно да бидете свесни за движењата на вашите раце. Поради тремата во текот на разговорот, многу лесно може да дојде до тоа да почнете неконтролирано да мавтате со рацете, а тоа никако не остава убав впечаток.

Доколку, за време на разговорот рацете го дигате над рамената, давате впечаток на ексцентрична и нестабилна личност, а доколку ги спуштате прениско, поточно под струкот, оставате впечаток на уморна и деморализирана личност.

Бидете дотерани

Доколку се возите со градскиот превоз, задолжително во торбата понесете друга испеглана кошула или одело, затоа што секако не би сакале на интервјуто да дојдете со потполно изгужвана облека.

Облечете се “конзервативно”

Доаѓањето на разговор за работа не е место на кое треба да го покажувате својот стил на облекување. Пробајте во таа прилика да облечете некоија црно-бела комбинација, затоа што со тоа сигурно ќе оставите впечаток на професионалец.

Избегнете француски маникир

Долгите налакирани нокти можат да делуваат малку невкусно, па поради тоа избегнувајте француски маникир.

Совршено ракување

Внимавајте на стисокот на вашата рака додека се ракувате. Доколку само малку ја стиснете раката на вашиот работодавач односно “понудите” само неколку прсти за да се ракувате, ќе оставите впечаток на личност која пати од недостаток на самодоверба.

Шопингот направете го после разговорот за вработување

На интервјуто никако немојте да дојдете со пластични кеси во рацете, затоа што со тоа оставате впечаток на неорганизирана личност. Во секој случај постои опасност содржината од кесите да ви се истурат низ канцеларијата на работодавачот, и затоа шопингот направете го еден ден претходно или после заминувањето од интервјуто.

Би можело да ве интересира:

За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...
Тротинети на аеродром, посебни панталони за хигиенски навики кај деца – Работи што ги има во светот,... Дали знаете дека во Холандија можете да си купите домашно млеко од „млекомат“? А...
Како би изгледале актерките од златната ера на Холивуд со денешните стандарди за убавина? Од Елизабет Тејлор до Мерилин Монро и Грејс Кели - можете ли да замислите како б...
7 лоши навики кои се, всушност, добри за вас Знаете ли дека озборувањето помага да создадете поголема блискост врска со луѓет...
14 градови и области со уникатно урбанистичко планирање (фото) Венеција во Италија, кружно соседство во Копенхаген, гробишта во Париз – урбанис...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg