Менувајте се како сезоните, снижувајте цени и ставајте личности на попуст!
Денес ретко кои личности не живеат за другите, а тоа е така бидејќи немаат свој живот кој би го живееле.
Таквите личности потребно е да сфатат дека наместо да ја гледаат раската во окото на другиот, потребно е да го видат прво каменот во своето.
Никој не смее да ви пререче, да ви ги осуди грешките, наместо тоа нека започне да ги суди своите, па ќе види дека нема да му остане време ниту да помисли на вашите.
Бидете дрски, денес тоа луѓето го сакаат, иако глумат дека го мразат.
Секој сака да му се покаже каде му е местото иако веќе самиот си го знае.
Мака му е да се смести таму каде што треба, чека вие да го сместите, па затоа не се мислете, застанете во своја одбрана и започнете да снижувате цени на евтини личности, оние со поминат рок. Ставајте ги на попуст, понекогаш и двајца истовремено како едно плус едно гратис во продавница.
Верувајте, има некој што ќе ги купи, но кога ќе го забележи нивниот изминат рок веднаш ќе завршат во корпата за отпадоци, бидејќи таквите секогаш завршуваат таму.
Не дозволувајте да ви ја намалат цената со нивниот низок квалитет.
Не дозволувајте да ве стават на попуст само поради околностите, нив создавајте ги сами и делувајте на време.
Правете и грешки, но никогаш истите грешки по вторпат, бидејќи доколку ги повторите тоа веќе станува избор, а не грешка.
Како што гласи една изрека која кажува дека не преживува интелигентниот, туку оној кој е способен да се прилагодува на промени.
Бидете вие феномен, преживејте како интелигентен човек кој се адаптира на секакви околности, промени и услови.
Само така ќе успеете во животот, ако се менувате како сезоните, пролет, лето, есен, зима.
Некој заслужува да му го разубавите денот како топло ветре во пролет, друг заслужува да го изгорите на гола кожа како жешко сонце во лето, трет заслужува да накисне под вашиот есенски дожд, а некој сосем друг да биде пресечен од вашиот студен мраз во зима.
Сето тоа правете го индиректно, бидете кармата во која луѓето не веруваат, но ги следи во секој нивен чекор и запомнете дека вашиот успех е најдобрата карма за нив.
Бидете како сезоните, снижувајте цени и ставајте личности на попуст, но, сепак, не заборавајте истовремено да работите на личен прогрес кој тие никогаш нема да го постигнат.