11 работи за кои никогаш не треба да жалите во животот

Искуството е најскапоцениот подарок кој сте го купиле сами за себе со вложен труд од кој произлегувале грешки, успеси, падови...

11-raboti-za-koi-nikogas-ne-treba-da-zalite-vo-zivotot-1.jpg

Вашите одлуки и преземени чекори ве довеле до она што сте денес, па затоа не треба да жалите за ништо во животот, посебно не за овие 11 работи за кои треба да се радувате.

1. Одбирање погрешно средно училиште

Сега сфаќате дека средното училиште за кое сте мислеле дека ќе ви одговара, не ви одговарало, но сепак  ве научило на нешто што немало да го научите доколку не сте го направеле овој погрешен избор.


2. Погрешен избор на факултет

Слично на средното образование и изборот на погрешниот факултет не е страшна работа. Доколку сте се запишеле на друг факултет не би ги запознале професорите и колегите кои ги знаете денес.


3. Премногу пиење во оние денови/ноќи

Без разлика дали се работи за намерно или ненамерно пиење, од која било ваша причина, не треба да се каете поради овие пијани денови или ноќи бидејќи ви покажале дека истите во иднина не би ви помогнале баш да решите некој проблем.


4. Врската со партнерот кој не ви одговарал

Не жалете за моментите поминати со некој кој измамувал насмевки на вашето лице додека сте биле со него. Сигурно сте имале свои причини за раскинување и добивте искуство за идните врски, како да се однесувате правилно и како да одредите кој навистина ви одговара, а кој не.


5. Залудно време потрошено на нешто

Без разлика дали тоа било некое хоби за кое сте мислеле дека е за вас, а не било или посветеност на нешто, кое не ја заслужувало вашата посветеност. Барем сега знаете на што да се посветите, а на што не.


6. Изборот на погрешна работа

Сигурно инстинктот ви кажувал дека тоа не е правилната работа за вас, но вие сепак сте сакале да видите дали тој е во право. На крај, сепак бил во право, а овој погрешен избор ве натерал да го слушате почесто.


7. Расправија со драга личност

Кога ќе се потсетите на тоа сигурно не се чувствувате убаво, но потсетете се и на причината за расправијата, сигурно била оправдана кога сте одлучиле да се расправате.


8. Напуштање на некој што сте го сакале

Понекогаш кога некого сакаме, не значи дека мора да останеме со него иако знаеме дека не ни одговара неговото присуство. Не жалете за овој ваш чекор бидејќи потсвесно знаете дека тоа било најдоброто решение за вас, а и за тој што сте го напуштиле.


9. Кога сте го искажале мислењето и ставот

Никогаш не жалете за изразување на сопственото мислење и став за некоја работа, секој го има тоа право, да се изразува слободно без никој да го осудува. Па и да ве осудуваат, баш нека ви биде гајле.


10. Кога сте се откажале

Без разлика за што и да станува збор, секако дека сте имале свои причини. Не секогаш тој што се откажува е слаб, понекогаш тоа значи дека е доволно силен да знае кога да престане со нешто што не му одговара.


11. Кога сте решиле да бидете тоа што сте денес

Тоа е само ваша одлука и никогаш не треба да се извинувате за тоа што сте решиле да бидете и какви сте решиле да бидете. Никогаш, ама баш никогаш не се извинувајте за тоа, бидејќи би било исто како да се извинувате за тоа што сте, а никој не заслужува такво извинување.

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg