Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Она што го мислиш, тоа и го привлекуваш!

Чудно, но вистинито, она што го мислиш тоа и го привлекуваш. Зошто тогаш негативните мисли ти го преокупираат умот? Зошто уште денес не ги заменеш со позитивни и го подобриш својот живот?

ona-sto-go-mislis-toa-i-go-privlekuvas-1

Животот може да биде каков што сакаш ти, сè зависи од твоите мисли. Aко мислиш дека е лош, ќе биде уште полош, но ако мислиш дека е убав, ќе биде уште поубав.

Се прашуваш како е можно тоа?

Ако не е можно зошто некои луѓе имаат си, а други немаат ништо, зошто некои се богати, други сиромашни, зошто некои се среќни до небо, а други несреќни до болка?

Зошто постојат сите оние книги за позитивните мисли, моќ на потсвеста, лични легенди и слично?

Постојат за да те научат дека моќта лежи во тебе, ако мислиш на пари, истите ќе кружат во твојот живот автоматски бидејќи ти со самото мислење ќе најдеш начин како постојано да ги привлекуваш кон себе.

Ако мислиш на љубов, ќе привлекуваш љубов, исто како што привлекуваш насмевки на непознати лица кога ќе им се насмевнеш, навистина толку е лесно.

Ако мислиш на болест, болест и ќе привлечеш, со моќта на мислите ќе го опаднеш имунолошкиот систем и ќе ја стекнеш болеста од која најмногу стравуваш.

Ако мислиш на твоите соништа како неостварлива желба, тоа само ќе останат навистина, желба која никогаш не си ја остварил, лична легенда која никогаш не си ја следел.

Соништата на човекот се една од причините зошто тој е несреќен бидејќи тие се изградени од неговата фантазија, а сепак срушени од неговите негативни мисли.

Што би се случило кога сите би размислувале позитивно и би тргнале да ги остваруваат соништата за кои мислат дека вреди да се разбудат од реалноста и да ги остварат?

Тогаш најверојатно сите би биле среќни, насмеани, успешни, богати, продуктивни, здрави, убави, полни со самодоверба, оптимисти...

Листата нема крај, а нема да има ниту нивната состојба само доколку ја негуваат со позитивни мисли.

ona-sto-go-mislis-toa-i-go-privlekuvas-2

Но, кога би се случило тоа не би постоеле тажните, намуртените, сиромашните, непродуктивните, болните, грдите, оние кои не веруваат во себеси, песимистите, не би постоеле сите овие кои мислат дека живототе црн како ноќта.

Не дозволувајте да се класифицирате себеси во втората група, бидејќи иако животот понекогаш знае да биде потемен и од ноќта, запомнете дека секогаш се разденува, само доколку вие сакате да го здогледате сонцето, тоа ќе се појави.

Она што го мислиш, тоа и го привлекуваш, па затоа денес со позитивна мисла привлечи сè што посакуваш отсекогаш, верувај дека ќе го добиеш некогаш, за брзо време!

Би можело да ве интересира:

14 вознемирувачки мисли кои ги имаат психопатите во глава (и ќе ве наежат) „Твојата болка не ми значи ништо“... За психопатите, гледањето на нечие физичко ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg