Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Отворено писмо до момчето што го оставив

Секој во животот се има соочено со раскинување на врска која немала иднина, бидејќи во спротивно да се продолжи истата би водела само во бездна.

otvoreno-pismo-do-momceto-sto-go-ostaviv-1.jpg

Ова е отворено писмо од девојка која раскинала со своето момче, откако тој раскинал со неа неколку пати претходно.

„Вакво ли е чувството кога оставаш? Надмоќно, силно, истовремено слабо и безмоќно…

Вакво ли е чувството кога заминуваш, удавено во каењето и голтнато заедно со желбата за погазување на гордоста.

Вака ли е кога си одиш без поздрав?

Без да се завртиш гледајќи го паѓањето на противникот како повикува за помош, заминуваш напред освојувајќи нови битки, ако луѓето сепак ги сортираш како битки кои мора да ги освоиш, за да изградиш тврдина околу срцето која никој нема да може да ја прескокне.

Само ќе ја заобиколува, обидувајќи се повторно и повторно, но таа ќе станува сè повисока и повисока пропорционално со гордоста.

Вака ли е кога не се сеќаваш? Кога ги давиш спомените во жешкото кафе, сечениот коњак или сеќавањата полека потонуваат во водите на заборавот, а ти сфаќаш дека си испливал на површина конечно.

Вака ли е кога оставаш, без грижа на совест, без трошка сожалување, без капка крв, без срце љубов?

Сигурно е вака, како би било поинаку, штом оставаш, значи не чувствуваш, штом не чувствуваш значи не сакаш, штом не сакаш, оставаш.

Сето тоа е еден круг, тркало кое полека се врти и секогаш паѓа на истата бројка, тркало на оставањето.

Мислеше дека го сакам толку што нема да заминам никогаш и покрај сè, но го напуштив како да не сум го сакала никогаш, ладнокрвно и без да се свртам назад.

Бакни ме, не е културно.
Фати ме за рака, се срамам!
Гушни ме, тука ли?
Те сакам!

Кога се сака се наоѓа начин, но ти секогаш наоѓаше изговор, па затоа кога јас не можев да најдам начин да те променам, го применив твоето однесување, најдов изговор.

Изговор кој беше толку банален што го јадеше она твоето клише „Немам време”…

Уште нешто имам да ти кажам, ти благодарам за секое раскинување, секојпат кога ќе се соочев со него учев како да живеам без тебе, сега сум слободна!”

otvoreno-pismo-do-momceto-sto-go-ostaviv-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...
Во Франција има 42.986 - Земји со најмногу кружни текови во светот Со скоро 43.000, Франција е на врвот на листата на 5 земји со најмногу кружни те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg