Подарувај ситници! Среќата е во малите работи...
Живееме во материјален свет каде сè се врти околу парите, дури и среќата која често забораваме дека се крие во малите работи.
Во периодите од годината кога наближуваат празници, родендени, годишнини се фокусираме да подариме скапи подароци, заборавајќи дека може да подаруваме секој ден ситници со кои ќе измамиме насмевки на саканите без многу да го ослабнеме нашиот паричник.
Подарувајте ситници и не заборавајте дека среќата не се крие во скапи парфеми, автобомили, накит, туку во следната листа на ситници кои може да ги подарите уште денес.
- Подарете пенкало на пријателот кој обожава да пишува.
- Подарете книга на пријателот или блиска личност која сака книги.
- Напишете писмо и подарете го на саканиот, ваквиот подарок ќе ве зближи и двајцата.
- Подарете цвет на својата мајка, баба или сестра која ќе ги израдува и ќе им го разубави денот.
- Подарете стикери на личност која заборава ситници.
- Подарете обична марама на другарката или другарот кој е луд по мода.
- Подарете шолја со интересен натпис на личноста која се радува на сувенири или претерано сака да пие кафе, чај...
- Подарете подарок во форма на срце, книга, кугла или нешто што симболизира момент кој сте го имале со близок пријател, челн на семејството или вашиот партнер.
- Подарете банкнота или парче леб на бездомникот кој често го среќавате на улица.
- Подарете цртеж со насмевка на тој што ве засмејува постојано.
- Подарете прегратка на оние што им фали.
- Подарете тефтер или тетратка со посвета на личноста која секогаш прави забелешки за сè и сешто.
- Направете им масажа на вашите родители или партнер после напорениот работен ден.
- Згответе го омиленото јадење на некој што ви значи и повикајте го на вечера и добар разговор.
- Подарете четка за коса или добар регенератор на вашата пријателка која постојано ја негува својата коса.
- Подарете вратоврска или алат за поправка на колата на вашиот татко кој ќе се израдува бескрајно.
- Подарете комплимент.
- Подарете рачно изработена нараквица на вашиот брат или сестра во нивната омилена боја како потсетување дека секогаш мислите на него/неа и знаете која е нивна омилена боја.
- Подарете заедничка фотографија на личноста која слави роденден што ќе и значи повеќе отколку скап парфем кој ќе се потроши, бидејќи фотографијата е вечна!
- Подарете ЦД со омилените песни на фрикот од вашиот живот кој обожава музика.
- Подарете маркери на колегата од факултет, училиште или работа кој секогаш запазува детали, црта или сака да обележува што ќе му текне.
- Подарете мече на личноста чија соба е полна со мечиња, верувајте вашето ќе биде посебно во неговата колекција.
И за крај подарете си себеси ситница која ќе ве израдува и ќе ве потсетува дека животот се состои од мали ситници кои го прават голем, исполнет и среќен!