10 Работи кои посакувам да ги научев на училиште

Факт е дека во училиштата не се учат доволно корисни и применети психолошки знаења. Овие работи секако дека ќе беше подобро ако ги научевме порано, но и денес не е доцна за да ги усвоиме...

10-raboti-koi-posakuvam-da-gi-naucev-na-uciliste-1

Наместо математички теореми, зарем не сметате дека е многу подобро да се учат работи кои во животот ќе си ја пронајдат својата конкретна примена?

Сигурно и вие ќе посакате овие работи да се учат на училиште:

1. Правило 80/20

 Ова правило е уште познато како Паретов принцип: 80% од вредноста која ќе ја оствариме во животот, зависи и произлегува од 20% активност на личноста. Според тоа, повеќето од она што го правиме не е ниту корисно, ниту потребно во онаа мерка во која нам ни се чини дека е. Ако размислиме за корисноста на некои од нашите секојдневни активност, тогаш можеме да престанеме да ги правиме, а со тоа ќе добиеме повеќе време и енергија за активностите кои ни се забавни или повеќе корисни.


2. 80% до 90% се шансите да НЕ се случат работите од кои се плашиме

Повеќето од нас премногу се грижат и живеат во страв, токму затоа што никој не им го кажал ова правило. Дури и кога ќе се случат тие работи ( кога ќе се исполнат на пример тие 20%),  главно не се толку болни како што сме замислувале.


3. Грешките и неуспесите ни се животни учители

Малите деца учат по пат на обиди и грешки, токму и затоа немаат проблеми со грешките. Меѓутоа, како што растеме, а посебно на училиште, учиме дека е лошо да се греши. Последицата од тоа е сѐ помалку да пробуваме нови работи. Но, во практиката е многу поинаку, односно успехот во животот зависи од соочувањето со грешките.


4. Нашиот став ја менува нашата реалност

Повеќето луѓе сметаат дека треба да го променат својот начин на гледање на работите, кога истите не се случуваат онаа како што сме сакале. Но, промената на ставот ја менува и реалноста во која живееме. Запомнете, онака како што се гледате себе, таков е и вашиот свет, односно вашата реалност.


5. Благодарноста е наједноставен начин да се биде среќен во животот

Повеќето луѓе знаат дека е добро да се биде благодарен, но не доволно ни е објаснето зошто е тоа така. Повеќето од нас не ни чуле дека благодарноста е директен пат до среќата. Наместо тоа, нѐ учат дека за среќа е потребно да имаш факултетско образование, партнер, богатство...Но, тешко дека дипломата ќе ви ја задржи насмевката на лице, во текот на целиот живот.

10-raboti-koi-posakuvam-da-gi-naucev-na-uciliste-2

6. Споредбата со другите е резултат на лично незадоволство и недостаток од самодоверба

Ако се споредувамe со другите луѓе, се чувствуваме како опкружувањето и луѓето во него да не контролираат. Со други зборови, стануваме зависни од мислењата или одобрувањата на другите луѓе. Затоа од сега споредувајте се со самите себе. Погледнете колку сте постигнале во однос на минатиот период или година дена.


7. Паркинсов закон

Овој закон гласи дека за сѐ што правиме ни треба помалку време, отколку што сме планирале. На пример, ако сметате дека за некоја работа ви е потребна недела дена, тогаш до решение ќе дојдете во рамките на тој период. Но, ако за истиот проблем си доделите 1 час, наместо една недела, вашиот мозок ќе работи во рамките на тој период. Така ќе имате повеќе време за работи за кои сметате дека не им обрнувате доволно внимание.


8. Во животот добиваш колку што даваш

Ако сакаме да ја зголемиме количината на пари, љубов, љубезност во сопствениот живот, тогаш треба да ја зголемиме и количината на давање на истите работи кон другите луѓе. Ретко се случува да добиете повеќе отколку што сте дале.


9. Секој живее живот каков што заслужува

Или со други зборови, секој од нас е одговорен за начинот на кој го живее животот. Многумина сметаат дека постои надворешно влијание, кое е одговорно за начинот на кој го живеат животот, па често себе се сметаат за „жртви”. Но, ако малку бидеме искрени кон себе и се сетиме на нашите одлуки, ќе ја пронајдеме токму вистинската одлука, која ни го дала овој начин на живот и нѐ однела во незадоволство.


10. Како да ја користиме мозочната активност за сопствено добро?

Ретикуларниот активациски систем е дел од мозокот кој ни помага во своето опкружување да одбереме кон што ќе ги насочиме мислите. Односно, секогаш ни помага во конкретниот миг да го пронајдеме тоа што го бараме. Поставувањето на целите и размислувањето за нив е важен начин за одржување на правилен животен курс. Потсетувајте се себе затоа што навистина ви е важно и на што треба да внимавате. 

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg