20 работи кои треба да ги знаете во двесеттите
Иако животот за дваесетгодишните е пред нив и немаат потреба истиот да го преоптоваруваат со различни обврски и лекции, сепак постојат неколку работи кои мора да ги знаат за нивна возраст.
Не само што тие работи кои треба да ги знаат ќе им помогнат во нивните понатамошни години, туку и ќе им го ослеснат моменталното секојдневие.
Ова се тие 20 работи кои секој што е во дваесеттите треба да ги знае.
- Вклучување на машината за садови, машината за алишта и рерната.
- Соодветно однесување кон постари лица и своите родители.
- Како да си дадат искрен совет на себе кога тоа е потребно.
- Оформени критериуми за потенцијален партнер.
- Бројче на градник кај девојките или пак бројче на панталони кај момците.
- Определена професија или соништа кои сакаат да ги следат во иднина.
- Омилена храна и како да ја приготват.
- Како да се грижат самите за себе кога нема никој околу нив.
- Препознавање на вистински пријатели кои ја заслужуваат нивната доверба.
- Кога е време да кажат „стоп” или пак да ја вратат нивната енергија кога таа е сведена на максимум.
- Како да кажат „не" без влакна на јазикот.
- Како да го искажуваат своето мислење без да се чувствуваат неудобно поради тоа.
- Читањето е корисно за збогатување на речникот и проширување на хоризонтите.
- Границите на слободниот ум и како да ги постават и дефинираат без ничија помош.
- Справување со гнев, стрес и конфликтни ситуации без помош на апчиња, специјална помош или насилни испади.
- Кои држави би сакале да ги посетат во иднина.
- Јазиците се корисна работа во животот исто како и парите. Колку повеќе, толку подобро.
- Како да заработуваат финснсиски средства на чесен начин.
- Верување во себеси и висока самодоверба.
- Што сакаат од животот?
Би можело да ве интересира:





