7 начини да заспиете во рок од 10 минути

Се будите среде ноќ, гледате дека е 3 часот, а не можете да заспиете. Ве фаќа паника што имате уште 4 часа за спиење, па уште помали се шансите да склопите око.

7-nacini-da-zaspiete-vo-rok-od-10-minuti-01.jpg

Овие 7 стратегии може да ви помогнат многу брзо да му се вратите на сонот во овие ситуации.

1. Исклучете ги сите светла

Кога ќе се разбудите за да одите до тоалет, никогаш не ги палете сите светла. Светлината го стимулира мозокот, па колку сте во посветла просторија, толку потешко ви е да заспиете.

2. Изморете ги очите со книга

Ако нешто научивме во училиште, тоа е дека книгата е одличен начин за заспивање. Додајте слабо светло, заморете ги очите и заспијте за помалку од 10 минути.

3. Користете го мозокот

Правете ментални вежби, наместо да проверувате мејл, советуваат сите лекари. Многу подобро е да си замислувате каков ден ќе имате, што ќе облечете, што сакате да појадувате, отколку да играте игра на вашиот смарфтон.

4. Лежете на грб

Никако не се превртувајте низ креветот. Ако во било кое превртување потстанете, телото ќе мисли дека е време за будење, затоа останете мирни.

5. Не станувајте да јадете

Ако мислите дека некое вкусно залче може да ве успие, се лажете, тоа го има спротивниот ефект. Со тек на време, вашето тело ќе се навикне и секоја вечер станувањето по храна може да ви стане нездрава рутина.

6. Релаксирајте се

Опуштете го телото и мозокот. Дишете длабоко и олабавете го целото тело. Пронајдете ја својата зен состојба пред да ги затворите очите.

7. Не го надокнадувајте сонот

Ако сте екстремно изморени после работа, не секогаш мора да дремнете. Тоа ќе ве доведе до уште една непреспана ноќ.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg