Изгледала како просечна студентка, а кога ја соблекла наметката открила долго чувана тајна
Хелен Дебришајр е 22-годишна девојка од Англија, која ги изненадила сите колеги на правниот факултет на кој студирала.
Тајната на оваа идна правничка е во тоа што интензивно се занимава со фитнес. Неодамна освоила и награда за мис бикини на Велс, а во исто време и дипломирала на факултет.
Нејзините колеги немале никаква претстава дека токму таа води двоен живот, па следел голем шок кога го здогледале нејзиното мускулесто тело, инаку постојано сокриено под обичната облека.
Хелен секојдневно работела за да се подготви за изборот за мис бикини, а вежбала секое утро пред да оди на факултет.
- Студирав криминологија и право 4 години, а истовремено бев страствена кога се работеше за натпреварот, вели Хелен.
- Луѓето веднаш претпоставуваат дека немате мозок, но јас сакам да ги развивам сите мои квалитети, и физички и ментални. Сепак, решив да го кријам тоа. Сите околу мене беа зачудени затоа што учењето и книгите не ми се единствена пасија.
Нејзиното момче Нил исто така се занимава со бодибилдинг.
- Тоа е животен стил со кој се гордееме и напорно работиме на него, нагласува младата Хелен.
Вака изгледа Хелен кога ќе ја соблече наметката: