Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 најсреќни животни моменти

Без оглед на тоа дали долго сте чекале да се исполнат или се случиле неочекувано, постојат спомени кои ќе ги паметите цел живот и кои ќе ги греат вашите срца во староста.

8-najsrekni-zivotni-momenti-01.jpg

Тоа најчесто се едноставни и вообичаени случки кои будат гордост и бескрајна радост.

Овие 8 се едни од најсреќните... Едни од оние во кои ви се плаче и смее истовремено.

1. Раѓање на првото бебе

Речиси нема мајка или татко кои со зборови можат да го опишат моментот кога за прв пат го земале своето дете во раце. Мешавината на среќа, достигнување и единствената поврзаност не може да спореди со ниту едно друго чувство на светот.

8-najsrekni-zivotni-momenti-02.jpg

2. Венчавка

Денот на венчавката е круната на љубовта. Можеби тогаш ќе бидете збунети заради тоа што ќе бидете загрижени за гостите, фустанот, оделото или ресторанот, но кога конечно ќе останете сами... Тогаш ја разбирате големината на денот!


3. Исполнување на било која цел

Научно е докажано дека луѓето се најсреќни ако успеат да го исполнат она што некогаш било недостижно. Тоа носи чувство на самодоверба и бескрајно задоволство.


4. Патувањето за кое долго сонувавте

Париз, Индија, Венеција или Хималаите, дестинација е неважна. Остварувањето на овој сон носи спомени кои ќе ги паметите целиот живот.

8-najsrekni-zivotni-momenti-03.jpeg

5. Прва плата

Хонорар или цела плата, повторно не е важно. Првата плата е влезница за светот на возрасните, доказ за личната способност и можностите кои ви претстојат.


6. Работа од соништата

Ако работевте во некоја фирма само затоа што ја чекавте „идеалната шанса,“ а ви беа потребни и пари, тогаш многу добро знаете како е кога нешто големо ќе се промени. Мал број на луѓе ја имаат оваа среќа, но оние кои ја разбираат, дефинитивно ја опишуваат како загарантирана и трајна среќа.


7. Завршување на образованието

Баш исто како и првата добиена плата, ова е доказ на зрелоста, способноста и влегувањето во светот на возрасните.


8. Прва љубов

Иако секоја љубов е прекрасна и единствена, некако најдобро се памети онаа првата. За неа ве врзува чувството на потполна предаденост, не размислувањето за последиците и уживањето во новооткриената магија.

8-najsrekni-zivotni-momenti-04.jpg

Кој од овие моменти е прв на вашата листа?

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg