$100 долари бакшиш за лошата услуга
Во еден суши ресторан, парот Мекензи и Стивен Шултц излегле за да ја прослават својата 6-годишнина од брак, но она што им се случило и нивната реакција ќе ве изненади.
Тие му оставиле $100 долари на келнерот кој едвај постигнувал да ги услужи сите, a Мекензи го раскажал нивното искуство и на Фејсбук споделувајќи ја и фотографијата од сметката.
Чекале 20 минути за да добијат вода, 40 минути за аперитив и дури 1 час за главното јадење. Луѓето наоколу се шегувале и го исмевале ресторанот за лошата услуга. Сите нешто чекале.
Но, Мекензи објаснува дека проблемот не е до келнерот, туку во тоа што сè е оставено на него. Тој има 12 маси на кои секој сака нешто повеќе и нешто различно, а тоа никој не може сам да го изврши.
Го гледале како трча наоколу и постојано на сите им се извинува за чекањето, па се потсетиле како им било нив кога го работеле истото. Тие најдобро можеле да го разберат. Тоа се прави заради бакшишот. Колку повеќе маси, толку повеќе бакшиш.
Тогаш одлучиле да му платат повеќе од сметката што ќе ја добијат за неговата напорна работа, бидејќи и покрај неговата цел да стигне да ги услужи сите и да собере повеќе бакшиш, веројатно за ваквата услуга може да добие само минимум.
Така и направиле, за сметката од $66,65 долари тие му оставиле $100 долари и симпатична порака: „Бевме на твое место, знаеме како ти е. Почести се“.
Откако ја споделиле фотографијата на социјалните мрежи добиле над 1,5 милиони лајкови и повеќе од 190.000 споделувања.
Не им била целта да добијат на популарност, туку да ги натераат сите да се стават на нивно место и да размислат како им е на другите во некоја ситуација.
Она што е најважно е да не заборавите од каде доаѓате и какви сте биле.