Работи кои ниту една жена не треба да чека маж за да ги заврши

Не мора да бидете во врска за да бидете среќни, тоа е факт. Време е да ги земете работите во свои раце и да си подарите одлично време.

raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-ceka-od-maz-da-gi-zafrsi-1

Ако до сега за овие работи го вртевте бројот на мажот во вашиот живот, време е да си докажете себе дека сте одговорна личност која може да ги држи сите работи под контрола.

Погледнете кои 8 работи можете да ги правите сами:

1. Скапоцен накит

Сите знаат дека дијамантите се најдобриот пријател на една жена, но зошто да чекате од вашиот партнер да ви ги купи? Зарем не е подобро да отидете и да се почестите со некој скапоцен накит од сопствениот џеб? Пробајте и ќе видите колку се разликува чувството и задоволството .

2. Уплатете одмор

Патувајте сами, бидејќи тоа може да биде една од најдобрите работи кои сте ги направиле во животот. Ваш распоред, ваш мир, ваш буџет. Не мора да се преправате дека ви се допаѓа модерната архитектура или долгата, песочна плажа само затоа што му се допаѓа на партнерот, туку имајте вистински одмор.

3. Разгалете се

Дотерајте се и резервирајте во најдобриот ресторан во градот. Нарачајте го она што најмногу ви се допаѓа, без да се грижите за калориите или дали е прескап оброкот. Не чекајте некој да ве повика на убава и фина вечера, ако имате можност одете сами.

raboti-koi-nitu-edna-zena-ne-treba-da-ceka-od-maz-da-gi-zafrsi-2jpg

4. Состанок со пријателките

Зарем мора да чекате маж за да излезете на состанок? Секако дека не. Договорете ги пријателките и организирајте вечера и кино, ќе си поминете прекрасно и ќе сфатите дека понекогаш е подобро без мажите.

5. Ситни поправки

Менување светилка, носење на автомобилот на мајстор и уште многу други работи кои мора сами да научите да ги поправате. Нема ништо страшно во носење на сопствениот автомобил на мајстор и нема потреба веднаш да се јавувате на вашиот партнер, туку снајдете се и докажете си себе дека умеете сами да преживеете и да се снајдете.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg