Не грижете се ако сте нарцис, тоа е ваша позитивна особина

Ако пријателите често ви велат дека сте нарцисоидна личност, тогаш вие поседувате добра карактеристика која има некои свои бенефиции.

ne-grizete-se-ako-ste-narcis-toa-e-vasa-odlicna-osobina-1

Сè повеќе истражувања откриваат дека развиената свест за сопствената вредност и грижата околу тоа што другите мислат, може да биде корисна.

Сепак, не заборавајте дека сѐ си има свои граници, така и оваа карактеристика треба да биде умерена и со реални очекувања, но погледнете ги нејзините предности:

1. Позитивно влијае врз созревањето

Неодамнешна студија покажала дека здравата љубов кон себе во доцните тинејџерски години може на младите да им помогне побрзо да созреат, но и да станат самостојни.

2. Намален ризик од депресија

Личностите кои се сакаат себе имаат повеќе самодоверба, за разлика од останатите. На тој начин, кај овие личности стресот е помал и се создава основа за посреќен живот. Освен тоа, овие луѓе подобро влијаат на околината бидејќи за себе имаат добро мислење.

3. Поголема грижа за себе

Луѓето кои се препознаваат во карактеристиките за нарцис, повеќе се грижат за својот физички изглед и здравјето. Од преголема љубов кон себе, тие започнуваат опсесивно да вежбаат, држат диети или драстично го менуваат својот начин на исхрана.

ne-grizete-se-ako-ste-narcis-toa-e-vasa-odlicna-osobina-2

4. Помага при вработување

Довербата и високата самоувереност е она што ви овозможува да го потпишете договорот за вработување. Па, така, овие луѓе кои имаат здрава љубов кон себе, можат да зборуваат најдобри работи за себе без воопшто срам. 

5. Предност во врските

Претераната нарцосоидност го прави човекот неспособен за одржување на една врска. Но, умерената и здравата љубов кон себе го прави човекот помалку зависен од другите. Самодовербата е темел на секоја врска, а овие луѓе ја поседуваат. 

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg