Научете како да престанете да им судите на останатите луѓе
На ваков или онаков начин сите понекогаш ги осудуваме туѓите постапки.
За да престанете да им судите на другите луѓе, мора да престанете да се споредувате со другите. Фокусирајте се на вашите неуспеси и имајте чиста цел во вашиот живот.
Осудувањето лесно може да прерасне во навика, а овие неколку совети ќе ви помогнат да ја скршите таа навика и да почнете да гледате поинаку на работите:
Обидете се да бидете самокритични
Запрашајте се, дали имате право да им судите на останатите? Запомнете, не постои совршенство, ниту пак вие можете да биде безгрешни. Која е причината затоа што им судите на останатите? Откако ќе си го одговорите тоа прашање, тогаш работите ќе ви станат појасни.
Простете им на луѓето
Заменете го осудувањето со прошката и на тој начин ќе си олесните и себе, но и на останатите кои долго ги слушале вашите критики. Прошката е моќен начин да се заборават одредени постапки.
Не ги знаете сите детали
Вие не знаете што точно се случува во животот на останатите луѓе. Секој човек поминува низ различни животни патишта, има различни проблеми и различен начин на живот. Обидете се да помислите на сите можни опции зошто еден човек би имал такво однесување.
„Раскинете” им на лошите навики
Осудувањето е лоша навика што е пак исто како и лошата врска. Зарем би успеале да издржите во лош брак или врска? Секако дека не. Насочете се кон други активности и на тој начин останатите луѓе нема да ви бидат преокупација.
Не ги имате секогаш фактите
За жал, многумина судат без да ги знаат сите детали и факти. Откога ќе дознаете сѐ, тогаш останува на вас дали ќе им помогнете на луѓето или ќе ги судите.
Сочувствувајте
Сочувството не е слабост, напротив на тој начин вие гледате како да им помогнете на луѓето во тешката ситуација. На тој начин, вие престанувате да судите и да критикувате. Сочувството ви помага да замислите со што останатите се справуваат, а на тој начин стекнувате искуство кое ќе ви помогне кога вие ќе се најдете во слична ситуација.