16 трикови за пакување кои треба да ги знаете пред летниот одмор
Конечно го испланиравте совршениот одмор - песочни плажи, тиркизно море, супер локали и добро друштво, но остана само една работа која ве мачи - како да го наполните куферот брзо и ефикасно?
Ако никако не научивте да заштедите простор и да се организирате за време на пакувањето, вреди да ги откриете овие генијални трикови:
Кога ги пакувате чевлите, прво ставете ги во капа за туширање
Каблите и полначите чувајте ги во стара кутија за очила
Наместо да ја диплите облеката, виткајте ја во ролни за да го избегнете гужвањето
Ситните шнолички ставете ги во кутија од бонбони
Ако немате освежувач за облека, ставете пакетче бонбони или мастики во куферот
Замотајте го коланот во јака од некоја кошула
Ракавицата за во кујна искористете ја за пакување на пеглата за коса, дури и ако е топла
Ако го фрливте капачето, користете ги штипките за документи како заштита за бричот
Уште 8 интересни трикови на следната страна...