Летен бонтон за нудисти
Низ светот постојат многу плажи на кои можете да се шетате потполно голи, без костим за капење, но тоа не значи дека треба да заборавите на манирите.
Затоа, вреди добро да ги запаметите овие 5 правила ако планирате да летувате потполно голи.
1. Одмор покрај базен
Пред да седнете или легнете, задолжително ставете пешкир. Однесувајте се како што би се однесувале во костим за капење, само водете двојно повеќе грижа за хигиената.
2. Направете растојание
Без оглед на тоа дали сте на плажа или покрај базен, погрижете се лежалката да ви биде на пристојно растојание од другите. Ако пак има недостаток на место на таа плажа, задолжително прашајте дали ќе им пречите на тие до вас. Ако сте нудисти не значи дека имате предност и сè ви е дозволено.
3. Нападно гледање
Навикнете се на зачудените погледи, но исто така и воздржете се од тоа да возвратите на нападните посетители на истата плажа. Доколку се чувствувате непријатно, секогаш е подобро да заминете малку подалеку отколку да објаснувате зошто сте топлес или голи.
4. Фотографирање на нудистичките плажи
Затоа што сте во јавност, никогаш не очекувајте потполна приватност. Не се изненадувајте ако некој ве фотографира без ваше знаење. Сепак, потрудете се да не провоцирате, тоа е најважното правило ако сакате да се заштитите.
5. Проверете ги ограничувањата
Пред да посетите некоја плажа или одморалиште, информирајте се за правилата кои важат таму. Потрудете се да ги дознаете сите правила и постојано прашувајте - ништо нема да загубите, може само да добиете едно „браво“ за учтивоста. Почитувајте ги дури и оние кои не се расположени за нудизам.