Тајните на Дизниленд кои досега не сте ги знаеле
Кога ќе ги дознаете тајните на Дизниленд, следното патување таму со сигурност ќе ви биде ново искуство.
Запомнете ги овие трикови кои се поврзани со највозбудливиот парк за деца и возрасни и ќе се почувствувате како да сте навистина дел од ова место.
Погледнете ги најдолго чуваните тајни на Дизниленд и имајте прекрасна забава при вашата посета таму:
Светилката која никогаш не се гасне
Веднаш над пожарната станица се наоѓа апартманот во кој престојувал добро познатиот Волт Дизни. Кога Волт престојувал во паркот секогаш оставал запалено светло за работниците да знаат дека тој е таму. Денес таа светилка постојано е запалена во негова чест, а единствено се гаси кога неговите ќерки го посетуваат Дизниленд, како почит кон нив.
Слушајте внимателно
Додека сте таму обрнете внимание на сите звуци кои се појавуваат во паркот. На пример, во Њу Орлеанс на железничката станица би можеле да го чуете првиот говор на Волт Дизни од денот на отворањето.
Игнорирајте ги знаците
Да, токму тоа направете го додека чекате ред за влезот во Индијана Џонс. Кога ќе наидете на знак кој вели „Не отворајте”, направете го токму спротивното и ќе имате можност да чуете неверојатни приказни.
Соба за бебиња
Ако со вас имате мало дете тогаш со сигурност ќе ви биде повеќе од потребна оваа просторија. На крајот од главната улица во Дизниленд паркот се наоѓа центарот за грижа за бебиња. Оваа просторија содржи микробранови за загревање на млекото на бебето, маси за пресоблекување и сѐ останато што ви е потребно за вашето дете.
Родендени
Ако заминете во Дизниленд токму на вашиот роденден не заборавајте да го известите чуварот на портата. Откога ќе го најавите вашиот роденден ќе се почувствувате како навистина славна личност. Како што се движите низ паркот илјадници дизни ликови ќе ви приоѓаат, ќе ви пеат песна за роденден и ќе ви подарат многу подароци.
Злобната кралица
Кога ќе го посетите замокот на Снежана, погледнете на прозорецот неколку пати и почекајте. Злобната кралица ќе се појави на прозорецот од замокот.
Нова година
Доколку имате можност, посетете го Дизниленд за Нова година и прославете го овој ден таму. Токму во 23:50 минути сите ликови се собираат заедно да ја прослават новата година. Ова искуство е навистина незаменливо.
Дали знаете вие некои тајни поврзани со Дизниленд паркот?