Најголемите конкуренти на Панини - Ги нацрталe сите сликички за албумот СП: Бразил!
Уште пред официјално да започне Светското првенство во Бразил, лудилото за собирање самолепливи сликички во албумот на Панини беше насекаде проширено.
Стандардно, како наближува крајот ви фалат уште десетина, па истите му фалат и на некој друг, па купувате секојдневно нови пакетчиња со надеж дека барем некое ќе ви се погоди, но постојано само дупликати.
Во меѓувреме касата на ФИФА и Панини се полни од сите страни. Некои среќници успеваат брзо да го пополнат целиот албум, но некои остануваат и со празни полиња.
Во еден таков случај, братот Сиан и сестрата Алекс решиле да ги нацртаат сите играчи со боички и да ги залепат во нивниот албум.
Почнале уште пред 12. јуни, најпрво со нивните омилени Давид Виља од Шпанија и Кристијано Роналдо од Португалија, а веќе се приближуваат и кон последните кои им останеле.
Притоа постојано ги објавуваат новите цртежи на нивниот блог.
Погледнете дел од нивните цртежи и како тие цртаат: