Новите шишиња на Coca - Cola сите нè прават среќни
Coca-Cola ги претставува своите био-разградливи пластични шишиња кои се делумно направени од растенија. Тие велат „Растенијата нè прават среќни, а ние велиме: „Вашите кампањи нè прават среќни“.
Преку бакнежите, птиците и природата тие се обидуваат да ни прикажат како нивните шишиња шират среќа. Прават споредба на сето добро што растенијата ни го нудат во реалноста, а истовремено нив им служат и за изработка на шишињата.
Цвеќињата може убаво да мирисаат, да послужат како подарок, изненадување, украс, но од нив може да се направат и Coca-Cola шишињата. На дизајнираниот плакат се забележуваат силуети на пар пред моментот на бакнеж, а просторот меѓу нив е во вид на цвет.
Маслиновото гранче е симбол на мирот и непријателите ги претвора во пријатели, но исто така помага и за изработка на Coca-Cola шишињата. На плакатот се забележува гулаб со маслиново гранче во клунот и подадени раце за примирје.
Куповите паднати ливчиња во паркот нè привлекуваат да посакаме да скокнеме во нив, а и од нив се изработуваат шишињата.
Дрвјата се користат за изработка на хартија, моливи, алати и помагала кои преку кои го изразуваме она што го знаеме, но исто така помагаат за изработка на Coca-Cola шишињата.
На симболичен начин и со одлична кампања Coca-Cola ги промовира био-разградливите шишиња и ни покажува зошто треба да се грижиме за природата и да ја сакаме.