Брутална одмазда: Сакал да се пошегува со девојката, а таа скокнала од прозор (видео)
Кога другарот сака да ти постави стапица, тоа добро го смислува. Двајца другари се договарале како да се пошегуваат со девојката на едниот, па се договориле момчето да ѝ соопшти дека ја изневерил со друга, а таа останала трудна.
Му се видела супер интересна шега, па решил да си направи да му биде забавно, не помислувајќи на нејзината реакција. Но, откако другарот се договорил со него, успеал многу подобро да се договори со неговата девојка.
Ја убедил да му направат уште поголема стапица, со тоа што неа ѝ ја открил идејата и таа знаела дека ќе биде излажана. Но, она што таа требала да го направи како реакција е тотално лудо.
Се договорила со уште една девојка, да биде облечена исто како неа, да стави долга русокоса перика како нејзината коса и да легне на паркингот под прозорецот од нивниот стан.
Идејата била, штом нејзиното момче ѝ соопшти дека ја изневерило и дека таа е трудна, да излезе од собата и да замине, по што ќе се слушне врисок како да се фрла од прозорецот, а всушност таа ќе се скрие под креветот.
Кога се случила целата сцена и сето тоа го видело момчето, среќа што не се фрлил и тој од прозорецот.
Реакцијата кога ќе открие дека сè е лага е вистинскиот резултат што никогаш нема да го заборави, а сигурно нема да му текне никогаш да ја изневери ни на шега ни во реалност.
Мора да го изгледате видеото до крај: