Надминете го стравот од возење автомобил уште денеска
Доколку имате страв да седнете пред воланот тогаш не сте единствени. Ако сметате дека не ви е потребен автомобил тоа е во ред, но верувајте ништо не може да го замени чувството кога возите по автопат или за првпат влегувате во некој нов град.
Ако сметате дека не ви е потребен автомобил тоа е во ред, но верувајте ништо не може да го замени чувството кога возите по автопат или за прв пат влегувате во некој нов град.
Време е да ги одведете вашите пријатели на нова авантура, но овојпат возете вие.
Надминете го стравот преку едноставни чекори уште денес:
1. Размислете длабоко
Која е причината за вашиот страв? Сообраќајна незгода, несовесното возење на некој возач со кого сте биле, стравот од преголемиот метеж во кој сметате дека не би можеле да се снајдете се дел од причините поради кои еден човек најчесто има страв од возење.
Размислете на сите овие настани и не ги притискајте длабоко во себе. Разговарајте со луѓето во вашето опкружување и сигурно ќе пронајдете некој кому му се случило истото. Дознајте и најдете начин како да го пребродите минатото искуство.
2. Учете повторно
Нема потреба да ви биде срам ако повторно седнете во автомобилот на „автошколата”. Повторете ги повторно сообраќајните знаци, улиците кои ви претставуваат проблем, тестовите кои сте ги полагале порано и со тек на времето ќе заборавите дека некогаш сте го имале овој страв.
3. Вежбајте
Не се пуштајте веднаш на улиците во градот. Отидете на полигон заедно со пријател или инструктор. Вежбајте го возењето на некои места надвор од градот и на тој начин полесно ќе се релаксирате. Научете сè за вашиот автомобил и неговите контроли.
4. Избегнете притисок
Не возете сѐ додека не се почувствувате подготвени за возење автомобил. Не дозволувајте останатите да ви вршат притисок бидејќи на тој начин вашата фобија се зголемува. Поддршка секако ќе ви биде потребна, но избегнувајте притисоци и нервоза.
5. Учете снаодливост
Препуштени сами на себе вие учите како полесно да се снајдете низ улиците. Па затоа откога ќе се почувствувате подготвени се повеќе возете сами, бидејќи само на тој начин ќе успеете да се снајдете низ хаотичниот град.
6. Метод на релаксација
Што ве релаксира? Пуштете си тивка музика додека возите, но доколку таа ви пречи тогаш фокусирајте се малку на дишењето и на тој начин ќе успеете да се релаксирате. Така се повеќе ќе се фокусирате на возењето и на претпазливоста. Но и да се почувствувате подготвени избегнувајте ги повиците на мобилниот, пушењето цигари и гласната музика од радиото.
Одете чекор по чекор и за многу кратко време ќе се изненадите од вашата способност повторно да бидете зад воланот.
Дали некој од вас имал искуство со страв од возење или можеби го има овој страв? Како се справувате?