Нареден пат пред да купите вода, проверете го дното на шишето
Во последно време на потрошувачите им се препорачува честа проверка на дното од флашираната вода од издржани здравствени причини.
Пластичната амбалажа на водата која е означена со букви како HDP, HDPE, PP и уште неколку не испушта опасни состојки во водата, додека останатите букви може да означуваат хемикалии во водата која ја пиете.
Затоа што секој произведувач е должен да го означи составот на шишето, препознајте ја отровната вода со мала помош.
PET или PETE - означува шишиња наменети за еднократна употреба. Можно е да испуштаат тешки метали и хемиски материи кои влијаат на хормоналниот баланс.
HDP или HDPE - пластика која испушта најмалку хемикалии. Водата спакувана во неа е најчиста и најпрепорачлива.
PVC или 3V - испушта 2 отровни хемикалии кои исто така влијаат на хормоните во телото.
LDPE - пластика која не смее да се користи за изработка на шишиња, туку за пластични вреќички иако не испушта хемикалии во водата.
PP - уште една пластика со бела или полу проѕирна боја, која се користи како амбалажа за сирупи и чашки за јогурт.
PS - испушта канцерогена материја, а најчесто се користи за изработка на чаши за кафе и во амбалажите за брза храна.
PC или пластика без ознаки - најлошата пластика во прехранбеното производство која излачува хемикалија BPA, а често пати се користи за спортски шишиња и садови за чување на храна.
Од денес, 2 пати проверувајте го дното на шишето!