Нов селфи тренд со омилената ѕвезда
Лондонскиот фотограф Дан Рубин со неговиот фотопроект Phonies воведува нов тренд на селфи фотографиите. Овојпат може обичните луѓе да добијат селфи како некоја позната личност.
Тој ги одбира луѓето низ улиците на Лондон кои имаат слична физиономија на лицето како некоја од ѕвездите во шоубизнисот и им дава предлог да ги фотографира додека го држат мобилниот телефон на чиј екран е со ликот на ѕвездата.
Овој проект е новиот селфи хит кој измамува насмевки и многу лајкови. Девојките кои за миг може да бидат Ким Кардашијан, Бијонсе или момците како Зек Ефрон, Џејмс Франко со задоволство ја прифаќаат неговата понуда и му дозволуваат да ги фотографира.
Дан Рубин успеал дури да добие и понуда за соработка за да го рекламира HTC One Mini и со него да ги фотографира луѓето.
Тој веќе има над 750.000 следбеници на Инстаграм, а неговата идеја веќе на големо се шири по сите социјални мрежи.