Како да ги скратите секојдневните трошоци кои ви го намалуваат буџетот?

Колку и да се обидувате да се држите до одреден буџет секогаш се појавуваат некои нови трошоци. Затоа обидете се да заштедите на секојдневните трошоци и секогаш размислете на повеќе опции со цел да го зачувате истиот.

kako-da-gi-skratite-sekojdnevnite-trosoci-koi-vi-go-namaluvaat-budjetot-01

Еве некои од секојдневните трошоци кои драстично можат да го намалат вашиот буџет:

1. Гориво

Секојдневните трошоци поврзани со гориво најмногу се одразуваат на вашиот буџет. Пред да го запалите автомобилот следниот пат, размислете за други опции. Јавниот превоз или велосипедот се одлични транспортни средства за да стигнете до посакуваната локација, а со истите заштедувате.

2. Набавки

Запомнете го ова правило - Никогаш не одете да пазарувате кога сте премногу гладни, бидејќи на тој начин купувате храна која не ви е потреба и излегувате од предвидениот буџет. Набавете го она што навистина ви е потребно.

3. Кафе

Избегнувајте ги кафулињата ако навистина сакате да заштедите. Можете да купувате кафе кое подоцна ќе си го направите самите на работа или понесете си од дома во термос.

4. Рекреација

Секако дека ви е потребен одмор и релаксација, но мислете на својот буџет. Затоа однапред планирајте колку овој месец ќе потрошите на забава и релаксација.

5. Пауза за ручек

Наместо секојдневно да се изложувате на брза храна која чини премногу обидете се да подготвите некој брз и здрав оброк од дома кој значително ќе ви ги заштеди парите.

Дали практикувате некои од овие начини на распоредување на буџетот?

Би можело да ве интересира:

7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg