Соништата имаат цена

Посакувате скап автомобил, луксузен апартман, совршен партнер и блескава кариера. Сето тоа на Карибите уживајќи, без да се грижите дека следното утро треба да се разбудите во осум часот за на работа.

sonistata-imaat-cena-01

Вистински пријатели, прекрасно милениче, коктел во рака и журки до раните утрински часови.

Продолжувате понатаму...

Сте го разбудиле поетското во вас и сте напишале книга, па посакувате да ја објавите на светскиот литературен пазар. Го правите тоа и сè ви оди од рака.

Книгата станува најпродаван бестселер во светот и вашите соништа се исполнети. Колку убаво звучи, нели?

Но, колку треба да платите за сето тоа? Се имате ли запрашано која е цената на вашите соништа?

Никој не знае.

Исто како кога си во маркет и ја полниш количката за пазарење до врвот, одиш до касата и го чувствуваш тој страв кој те тера да се запрашаш дали носиш доволно пари да платиш за сè.

Соништата понекогаш се навистина како супермаркет, преполн со различни производи кои ги задоволуваат сите наши потреби.

Некои се евтини, некои скапи, едните се бренд, другите се на попуст со поминат рок.

Единствена разлика помеѓу производите и соништата е платежното средство. Производите ги плаќаш со пари, но соништата со многу труд, а понекогаш и болка, страдање, самотија, па дури и жртва.

Ги плаќаш со жртва сè додека не сфатиш дека ти самиот си нивна жртва. Неминовно е дека вреди да се бориме за соништата, но дали би го направиле тоа по секоја цена?

Би рекле, да! Тоа е вистинскиот одговор, но бидете паметни, бидете итри и борете се за секој ваш сон, но не плаќајте превисока цена на штета на искуството само поради тоа што цените на некои соништа се како оние на матурските фустани во месец мај.

Борете се за вашите соништа, но размислете за  цените на пазарите од супермаркетот на соништата.

sonistata-imaat-cena-2

Автор: Д.М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg