22 мали работи кои прават голема разлика во денот

Верувам дека животот е во деталите. Малите, секојдневни ситници кои значат многу повеќе отколку големите гестови на љубов и среќа.

22-mali-raboti-koi-pravat-golema-razlika-vo-denot-01

Ги почитувам едноставните задоволства кои ми го прават денот посреќен, посветол.

Токму затоа, ја создадов листата на минијатурни работи кои ме исполнуваат.

1. Појадок во кревет. Дури и да нема кој да ти го донесе, можеш да појадуваш во кревет и да бидеш среќен.

2. Насмевка од тотален странец. Подари една и ќе добиеш 10.

3. Детските игри кои те потсетуваат дека животот е една голема авантура.

4. Мал знак на внимание од некој кој ти значи. Доволно е саканата личност да ти го препушти далечинскиот уравувач.

5. Плејлистата која сам си ја креирал.

6. Ручек на сонце, со пријателите. Нема поубаво чувство.

7. 5 минутно длабоко, непрекинато дишење.

8. Задоволството кое трае малку подолго од вообичаено. За какво било задоволство и да се работи, го знаете чувството.

9. Мала промена во рутината. Промена во секојдневието кое ја буди возбудата во вас.

10. Домашно подготвени грицки или ужина. Нема подобар мирис од моментот кога го отворате капачето на садот.

11. Моментот кога дождот престанува да врне. И сè мириса на чисто, свежо и обновено.

12. Добро истегнување кое може да трае цела минута.

13. Прекрасно изгрејсонце или зајдисонце. Ништо не е поинспиративно од природната убавина.

22-mali-raboti-koi-pravat-golema-razlika-vo-denot-02

14. Играње на игра која ја обожававте како дете.

15. Половина час плус за спиење.

16. Бања која се претвора во спа-третман.

17. Свежа, сочна храна. Без оглед дали се работи за овошје, зеленчук или паста, вкусот ви го разубавува денот.

18. 5-минутна масажа. И тоа од некој кој знае точно да ви ги погоди омилените точки.

19. Откривањето на заборавени пари, кои може да ви го покријат денешниот појадок или ручек.

20. Книгата која долго ја очекувавте, конечно пристигна во најблиската книжара. И веќе сте на половина пат...

22-mali-raboti-koi-pravat-golema-razlika-vo-denot-03

21. Нов рецепт кој го правите идеално. Пофалбите и коментарите кои следат се голем плус.

22. Букет цвеќе кој не го очекувавте. Едноставно, има нешто посебно во него.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg