Како да го поправите заглавениот патент?
Ако повторно ви се искина патентот на омилените фармерки, а немате време да го замените со нов, можете на брзина да го поправите во само 4 чекори.
Потребни ви се ножички, игла и конец.
Ако делот за закопчување ви падна и не можете да го вратите, еве што треба да направите:
1. Сецнете една линија помеѓу запците на почетокот од патентот.
2. На рецнатиот дел ставете го делот за закопчување и внимателно наместете го од двете страни.
3. Повлечете, закопчајте и отворот зашијте го со игла и конец, како на сликата.
4. Повторете ја постапката неколку пати додека не добиете дебел слој од конец на местото каде што го пресековте патентот.
* Користете конец во приближна боја до патентот, на фотографијата е користен црвен конец за поголема прегледност на постапката.